5 емоции кои ги немаат успешните претприемачи

5 емоции кои ги немаат успешните претприемачи

Една од карактеристиките на успешните претприемачи е што тие создаваат вредност гледајќи решенија онаму каде што другите не гледаат ништо. Успешните претприемачи имаат способност да пронајдат решенија за сите проблеми коишто им се испречуваат на патот. Познато е дека емоциите може да бидат поттик, но од друга страна тие може да бидат и голем демотиватор. Клучот на успехот е да ги задржите оние чувства коишто ви даваат сила, а да ги отфрлите оние коишто ви оневозможуваат да напредувате. Еве пет емоции коишто не се дел од личноста на успешните претприемачи.

1. Љубомора

Претприемачите не се љубоморни. Тие гледаат на успехот на своите колеги како на резултат од напорна работа. Паметните ќе забележат што ги прави успешни тие луѓе, дали тоа е пазарот, производот, начинот на рекламирање и слично, па ќе се обидат да искористат нешто од тоа. Наспроти ова, луѓето коишто се љубоморни на другите, всушност признаваат дека никогаш нема да бидат успешни како нив. Тоа покажува голема несигурност, при што тие личности се спречени подобро да ја вршат работата. Запаметете, доколку можете да бидете вистински среќни за некој којшто е успешен, вие можете за еден чекор да го доближите успехот и до себе.

2. Очај

Зборот очај може да се дефинира како „целосно губење или отсуство на надеж“. Успешните претприемачи не ја губат надежта, затоа што знаат дека без надеж, не постои ниту можност. Но, ова не значи дека и претприемачите понекогаш не се обесхрабруваат, зашто сепак и тие се луѓе. Но, она што ги карактеризира нив е тоа што нивната надеж никогаш не исчезнува комплетно. Без разлика што и да им се случи, тие секогаш успеваат да застанат на нозе, ако не веднаш, малку подоцна, но барем не се предаваат!

3. Апатија

Апатијата во основа значи воопшто да не се грижите за нешто. Тоа значи дека без разлика што се случува, дали добро или лошо, вие не сте емоционални околу тоа. Ова може да биде добра работа за претприемачите. Доколку не се грижат за резултатите, тие би можеле да се фокусираат на позначајни работи. Но, од друга страна апатијата може да биде уништувачка емоција затоа што тоа може да ја потроши енергијата и страста.

4. Разочарување

Разочарувањето е често присутна емоција. Луѓето се разочаруваат од многу работи, на пример од други луѓе, од ситуациите врз коишто не може да влијаат, па и од самите себе. И претприемачите понекогаш чувствуваат одредено разочарување, но што е она што ги разликува од другите? Претприемачите го претвораат разочарувањето во нова можност за раст. На пример, тие ги согледуваат работите коишто ги разочаруваат, па не ја трошат енергијата на нив. Успешните претприемачи ја отфрлаат оваа емоција со цел да бидат поефикасни.

5. Грижа

Претприемачите, во споредба со останатите, имаат двојно повеќе работи за коишто треба да се грижат. Тие имаат повеќе обврски коишто ги исцрпуваат, како физички, така и психички. Но, успешните менаџери сфаќаат дека грижењето може само да им наштети. Тие знаат дека тоа само им ја одзема енергијата којашто треба да ја насочат на попродуктивни работи.

Запаметете дека грижењето не ги намалува шансите да се случат лоши работи. Па, тогаш зошто да се грижите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар