5 ефикасни начини на кои можете да ја користите водата во вашиот процес на шминкање

5 ефикасни начини на кои можете да ја користите водата во вашиот процес на шминкање

Водата ни нуди многу здравствени придобивки, но и покрај тоа што сигурно ја знаете нејзината моќ на хидратација, сте знаеле ли дека таа исто така ефикасно функционира при нанесувањето на шминката? Погледнете како…

5 ефикасни начини на кои можете да ја користите водата во вашиот процес на шминкање

1. Користете ја водата како финиш

Завршната пудра може да изгледа многу неприродно и тешко на кожата. Но, со водата вие можете да го спречите тоа бидејќи таа делува неверојатно при овозможување природен изглед и сјај на вашата кожа. Сипете чиста флаширана вода во спреј и напрскајте ја на вашето лице откако ќе завршите со шминкањето. Таа нема да ја размачка вашата шминка, туку ќе ја освежи вашата кожа. Вие веднаш ќе изгледате поздраво, посвежо и поприродно.

2. Засилете ја бојата на сенката

Сакате да носите живописни и интензивни бои на вашите очи и многу се нервирате кога кожата со тек на време ги впива и тие скоро и да не се забележуваат? Сакате да им овозможите малку интензитет кој ќе трае? Едноставно потопете ја четката за нанесување сенка во вода и потоа употребете ја. Но, внимавајте да не ја измокрите премногу, бидејќи во тој случај сенката може да се разлие врз вашите очи.

3. Направете своја боја на моливче за очи

Доколку сакате да користите различни бои на моливчиња за очи, но буџетот не ви го дозволува тоа, обидете се со следниов трик. Измешајте ја вашата омилена боја на сенка со малку вода во чист сад. На овој начин ќе добиете течно моливче за очи со неверојатно интензивна и светла боја.

4. Исчистете ги четките

За да се заштитите од нечистотиите и бактериите, потребно е редовно да ги чистите вашите четки за шминкање. За тоа да го сторите брзо и едноставно, сè што треба да направите е да ја поминете четката со вода, а потоа да ја ставите на чисто марамче и да ја протриете. Оставете ја да се исуши 2 до 3 минути или пак, употребете го фенот за моментално сушење.

5. Освежете го старото моливче за очи

Потребно ви е тенко, прецизно и уредно моливче за очи бидејќи вашето старо почнало да се суши? Нема проблем. Освежете го така што пред секое нанесување ќе додавате по 3 капки флаширана вода во вашиот течен ајланер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар