5 ефективни начини да ги победите нападите на анксиозност

5 ефективни начини да ги победите нападите на анксиозност

Анксиозноста претставува страв од иднината. Луѓето ја развиле способноста да ги предвидуваат идните случувања и овој еволуциски напредок ни дава многу предности за разлика од останатите живи суштества и ни овозможува да ги решиме проблемите уште пред да се појават. Меѓутоа, оваа способност не оди секогаш во наша корист. Ние стануваме анксиозни кога нашиот ум постојано се фокусира на иднината. Луѓето обично страдаат од панични напади навечер, пред да си легнат, бидејќи тоа е периодот кога несаканите мисли кои ги криеле во текот на целиот ден излегуваат на виделина. Станува збор за нападни мисли како на пример „Што ќе се случи утре?“ или „Што треба да направам за да ја решам оваа ситуација?“, кои го обземаат нашиот ум и нè спречуваат да заспиеме.

5 ефективни начини да ги победите нападите на анксиозност

Анксиозноста е сѐ почеста појава која засега милиони луѓе ширум светот и бројката продолжува да расте со огромна брзина. Меѓутоа постојат одредени техники кои можат да ви помогнат да се справите со анксиозноста на многу ефикасен начин. Овие техники се исто така корисни за сите кои сакаат да го подобрат својот живот.

1. Спротивставете им се на анксиозните мисли

Анксиозноста се храни самата од себе. Ако им дозволите на негативните мисли да се развиваат, ќе полудите! Анксиозноста може да порасне како снежна топка која се тркала надолу по ридот и вие сте единствените кои ја имате моќта да ја сопрете. Прво мора да научите да ги идентификувате негативните мисли кога ќе се појават. Кога ќе забележите дека самите ги храните и потпалувате нападните мисли, запрашајте се: „Колкава е веројатноста да се случи ова?“. Престанете да мислите на минатото и иднината и обидете се да си замислите каков би ви бил животот кога би немале грижи.

Ако ова не функционира, направете листа. Запишете ги вашите мисли и што планирате да преземете во врска со нив. Оваа техника ќе ви помогне да ги рационализирате проблемите и да ја најдете нивната вистинска димензија. Со други зборови, нема да им дозволи да продолжат да растат и да се зголемуваат во вашата глава. Исто така, можете да ги запишете и вашите цели и како планирате да ги постигнете.

2. Медитирајте и земајте воздух

Ова е најчестиот совет кој е најефективен во борбата со анксиозноста. Ако редовно имате напади на анксиозност, запишете се на курс за медитација. Оваа навика ќе ви помогне да го намалите стресот и значајно да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Доколку немате често напади на анксиозност и медитацијата не е по ваш вкус, пробајте ги техниките за дишење. Тие можат многу да ви помогнат да се опуштите пред спиење, но може да ги користите и во секоја стресна ситуација. Телото ќе ви биде благодарно.

5 ефективни начини да ги победите нападите на анксиозност

3. Ослободете ги мозочните хемикалии за добро расположение

Кога вежбате, вашето тело ослободува ендорфин и серотонин, односно двата ензими кои мозокот ги поврзува со чувството на задоволство и благосостојба. Тие го загреваат целото ваше тело и ја намалуваат тензијата во мускулите. Физичките вежби се исто така корисни за да го задржите фокусот на тоа што се случува сега и тука.

4. Обидете се со природни лекови

Билните лекови, особено билните чаеви како што се чајот од корен од валеријана, лаванда и камилица, ќе ви помогнат да ја намалите анксиозноста и нервозата и да заспиете побрзо.

5. Одбегнувајте кофеин

Кофеинот го зголемува нивото на анксиозност и предизвикува панични напади кај луѓето кои имаат проблем со тоа. Кофеинот е стимуланс кој може да доведе до нервоза, неправилно срцебиење и вознемиреност. Тој исто така ќе ве држи будни, што предизвикува уште повеќе анксиозност. Добро размислете пред да посегнете по вашиот следен пијалак со кофеин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар