5 едноставни навики за подобрување на меморијата

5 едноставни навики за подобрување на меморијата

Сите сме свесни дека со мал ментален напор можеме да ги запомниме важните работи. Но, научниците откриле дека постојат и природни лекови кои го одржуваат здравјето на мозокот и ја подобруваат меморијата. Проверете во продолжение за што станува збор.

5 едноставни навики за подобрување на меморијата

1. Променете го начинот на исхрана

Нутриционистичката психијатрија е поле во науката кое го проучува односот меѓу мозокот и исхраната. Според научниците, основните хранливи материи и фитонутриенти играат голема улога во одржување на менталното здравје на поединецот. Тие можат да ја подобрат индивидуалната состојба, но и целокупната конгнитивна функција. Еве кои промени во исхраната можете да ги направите за да подобрите меморијата:

  • Ограничете ги додадените шеќери, рафинираните житарки и преработената храна
  • Зголемете ги животинските протеини, здравите масти и антиоксидансите во исхраната
  • Одржувајте го урамнотежено нивото на шеќер во крвта

2. Внесувајте повеќе омега-3 масни киселини

Истражувањата покажале дека омега-3 масните киселини се од особено значење кога станува збор за подобрување на меморијата и одржување на когнитивната функција, особено оние масни киселини кои се наоѓаат во рибите и алгите. Препорачаната дневна доза на омега-3 го зголемува протокот на крв во мозокот и ја зајакнува невропротекцијата.

3. Бидете физички активни

Вежбањето е лек за телото и мозокот. Според истражувањата, аеробните и кардиореспираторните вежби го зголемуваат нивото на белата и сивата материја во мозокот. Сивата материја е одговорна за поголемиот дел од обработката на информации во мозокот, а белата материја пак, е вклучена во процесот на комуникација меѓу черепниот и ‘рбетниот мозок. Доволно е да вежбате 30 до 60 минути пет пати во неделата за да ги постигнете посакуваните резултати. Ќе се уверите дека и вашето ментално расположение ќе се подобри за кратко време.

4. Медитирајте

Докажано е дека медитација ја подобрува целокупната функција на мозокот. Медитацијата ни помага и да ја зголемиме сивата материја во мозокот, а со тоа и да ја подобриме меморијата.

5. Спијте доволно

Спиењето е еден од клучните елементи кога станува збор за целокупната благосостојба, но дали знаевте дека игра улога и во здравата меморија? Додека спиете, мозокот ги обработува сите информации кои сте ги собрале во текот на денот и ги отстранува непотребните со цел да го складира она што е неопходно. Не заборавајте дека еден од најдобрите лекови за подобрување на меморијата е мирниот сон од седум до девет часа.

Откако ги прочитавте нашите совети за подобрување на меморијата, можеби ќе сакате да прочитате и за моќта на палатата на меморијата и како никогаш повторно да не заборавите важни информации.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар