5 едноставни начини да станете пофлексибилни

5 едноставни начини да станете пофлексибилни

Се сеќавате на времето кога имавте 8 години и речиси можевте да направите шпага? Сега тие денови се далеку зад вас. Со текот на годините флексибилноста се намалува, а мускулите ја губат нивната еластичност. Но, ако ги практикувате следниве неколку навики секој ден, не само што ќе можете да ја одржите вашата флексибилност, туку и значително ќе ја подобрите. Прочитајте за што станува збор…

5 едноставни начини да станете пофлексибилни

Почнете го денот со серија јога вежби

Која било јога поза ќе ви помогне да ја зголемите флексибилноста, но ако мускулите ви се стегнати рано наутро, најдобро е да почнете со низа полесни јога вежби кои ќе траат 10 минути. Не мора да бидете експерти за да ги направите, доволно е само да се обидете.

Седете исправено

Ако работите во канцеларија, оваа навика е многу важна. Знаеме дека вашето држење не ви делува како голема работа, но размислете за момент: Секогаш кога се грбавите, целиот ваш ’рбет се собира. Ако седите вака подолго време, може да ја изгубите флексибилноста на вашиот ’рбет што влијае на сите мускули во телото.

Пијте доволно вода

Водата е лекот за речиси сѐ, така што заменете го сокот со голема чаша вода веднаш во овој момент. Кога мускулите се дехидрирани, тие се стегаат и се собираат. 2 литри вода дневно се доволни. Но, испијте две чаши вода пред секој напорен тренинг и продолжете да пиете вода за време и по вежбањето.

5 едноставни начини да станете пофлексибилни

Дознајте кои се вашите проблематични делови

Кај повеќето луѓе, некои делови од телото се пофлексибилни од останатите. Можеби можете да ги допрете прстите на стапалата без никаков проблем, но кога треба да ги раширите нозете во поза на пеперутка, чувствувате неизмерна болка. Па така, ако вашите стегнати колкови се најголемиот проблем, фокусирајте се на бавните и нежни истегнувања со отворање на нозете како што е позата пеперутка по 10 минути дневно.

Не брзајте

Ако сакате да ја подобрите вашата флексибилност, не смеете да се тегнете колку што можете повеќе. Наместо тоа, користете ја вашата сопствена тежина и дишење за да ги зголемувате истегнувањата по неколку минути секој пат, без да се напрегате и форсирате. Слободно можете да се истегнувате додека ја гледате вашата омилена серија и ќе забележите значителни резултати за краток временски рок.

Доколку навистина сакате да ја подобрите вашата флексибилност, погледнете ги овие 8 лесни јога вежби за истегнување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар