5 едноставни начини да се исполните со оптимизам и да ги наполните батериите

5 едноставни начини да се исполните со оптимизам и да ги наполните батериите

Не е голема тајна дека оптимистите се среќни луѓе, а оптимизмот често се поврзува со задоволството од животот. Кога сте во такво расположение не само што ја гледате иднината во попозитивно светло туку и проблемите ви се чинат поедноставни и решливи. Кога ќе дојдете до таква фаза, животот ќе ви изгледа исполнет и со повеќе смисла.

5 едноставни начини да се исполните со оптимизам и да ги наполните батериите

Доколку не гледате позитивен исход од ниедна ситуација и не сте духовно среќни, време е да почнете да го „вежбате“ вашиот оптимизам и надежта за посветла иднина.

1. Мислете позитивно за иднината

Поминувајте околу 15 минути дневно во размислување или пишување на најдобрите можни околности што иднината може да ви ги донесе. Во тоа вклучете повеќе ваши цели и соништа. Фантазирајте за најубавите можни сценарија кои ќе ги донесат идните денови. Овие вежби, како еден вид медитација, ќе ви го поправат расположението и ќе влијаат на вашата потсвест.

2. Без стриктни цели и рокови

Наместо секоја вечер да размислувате што ќе направите следниот ден, фокусирајте се на 3 работи што сакате да ви се случат наредниот ден. Одберете една работа и препуштете му се на тоа искуство цели 5 минути. Потоа преминете на следната. На тој начин ќе се ослободите од лошото расположение, емоционалната исцрпеност и вашето песимистично расположение.

3. Сами создадете прилики

Размислувајте за начините на кои сами ќе можете да создадете одредени позитивни искуства. Тоа може да бидат активности како што се одмор, уживање во природа или дружење со драги личности.

4. Потсетете се на убави спомени

Поминувајте време во размислување за убави моменти од минатото и надевајте се дека и иднината ќе биде таква. Носталгичните моменти имаат посебно место во нашите срца, ги поврзуваат луѓето и го прават животот поубав.

5. Слушајте музика

Сите имаме омилени песни што ни предизвикуваат насмевка на лицето само што ќе ги чуеме. Слушајте ги со посебно внимание и поврзете ги со убави сеќавања кои ќе ви ги подобрат самодовербата и расположението, а со тоа воедно ќе се зајакне вашиот оптимизам.

Кога очекуваме добри работи во животот поголеми се шансите да се чувствуваме подобро, а тоа на крај ќе ни донесе повеќе надеж и поголема свесност за своите квалитети.

Дознајте како да ја вратите вашата надеж кога се чувствувате немоќно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар