5 едноставни начини да го подобрите вашиот стил
Секојдневно илјадници жени ширум светот се будат, стануваат од својот кревет и тргнуваат кон нивниот шкаф притоа размислувајќи „Леле, немам што да облечам!“ Ова е сериозна состојба чии несакани последици може да вклучат откажување од пребарувањето, алишта расфрлани по подот и низ целата соба, облекување на истата облека од претходниот ден и доцнење онаму каде што треба да бидете. Но, решението е многу едноставно и вклучува нешто што ние жените обожаваме да го правиме… Станува збор за шопинг. Сè што е потребно е да ги купите наредниве 5 парчиња облека и со тоа магично ќе ви исчезне проблемот „Немам што да облечам.“ Подготвени сте?
1. Голем ѓердан
Модните додатоци се одличен и евтин пат да го освежите вашиот стил. Ѓердан кој има интересна форма, смела боја и необичен дизајн има моќ да ја трансформира секоја облека во нешто спектакуларно.
2. Здолниште со колоритен дизајн
Ова здолниште е одлично и за време на работните часови, но и за по нивното завршување. Заменете ги секојдневните монотони здолништа за на работа со овие колоритни модели кои ќе го разведрат вашиот стил и ќе направат да се чувствувате многу поелегантно. Во комбинација со високи потпетици и свилена кошула вие сте инстантно подготвени и за вечерта. Збогувајте се со доцнењето.
3. Убиствен пар чевли
Ништо не може да направи една девојка да се чувствува подобро и посекси од пар чевли. Тие им овозможуваат софистициран и стилски пресврт на сите видови облека, дури и на оние старите и износени парчиња кои се кријат во задниот дел од вашиот шкаф. Постојат два начина да одберете убиствени чевли. Првиот е да одберете сосема уникатен дизајн кој ќе ги насочи сите погледи кон нив, а вториот начин е да одберете класичен пар кој ќе одговара со сите парчиња облека во вашиот шкаф, односно едноставни салонки во црна или крем боја.
4. Нова чанта
Без разлика на големината, новата чанта е нешто на што секоја жена би се израдувала. Следејќи ги сличните правила како за ѓерданот, модните додатоци се едноставен начин да направите вашата облека да изгледа нова и тренди.
5. Кармин
Карминот има способност да го спаси денот и токму поради тоа треба да биде вашиот најдобар пријател. Совршено нанесениот кармин инстантно прави да изгледате добро без вложување никаков напор. Црвениот кармин може да биде разликата помеѓу дневната работна облека и вечерната секси комбинација. Одберете ја онаа црвена нијанса која најмногу одговара на вашиот тен или експериментирајте со сезонска боја која обично не би ја пробале.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.