5 едноставни начини да ги направите вашите очила поудобни

5 едноставни начини да ги направите вашите очила поудобни

Ако сте нови во светот на очилата или пак, поради некоја причина очилата што подолго ги носите не ви се веќе удобни, тогаш не грижете се – дојдовте на вистинското место! Пронајдете го вашиот проблем во продолжение и помогнете си со едноставниот предложен трик!

1. Со помош на фен за коса затегнете ги пластичните рамки

Да бидеме искрени, ако очилата ви се лизгаат по носот, тие нема да ви бидат удобни. За среќа постои едноставно решение да се погрижите дека пластичните рамки ви се поцврсти, а за тоа ви е потребен само еден обичен фен. Вклучете го фенот и загрејте ги рамките околу 20-тина секунди, па потоа превиткајте ги нежно за да ги наместите посоодветно.

2. Наместете ги влошките за нос на металните рамки

Не постои ништо слатко при пецкањето што може да ви го предизвикаат несоодветно наместените влошки за нос што се составен дел од металните рамки. Слободно повлечете ги наназад, внимателно, за да ги направите поудобни.

3. Инвестирајте во шрафцигер

Ако постојано ги туркате очилата нагоре, тогаш може да делува како да го покажувате средниот прст на сите околу вас. Токму затоа и можеби не е лоша идеја да инвестирате во мал шрафцигер и да ги затегнете шрафчињата на двете страни од рамките.

4. Исправете го искривувањето на рамките

Ако имате какво било извиткување на рамките, тогаш ќе ви бидат потребни мали клешти за да ги исправите. За исправување на пластични рамки, подобро е прво да ги потопите под топла вода или да ги загреете со фен за коса.

5. Помогнете си со бебешка пудра

И за крај, ако очилата ви се нов додаток во животот, тогаш ви препорачуваме да се мачкате со бебешка пудра зад ушите за полесно да ја навикнете кожата на рамките. Не само што ќе се чувствувате поудобно – вие и ќе мирисате подобро!

Погледнете ги и овие 16 трикови за шминкање за девојките кои носат очила.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар