5 едноставни начини да добиете кремаста овесна каша

5 едноставни начини да добиете кремаста овесна каша

Овесната каша има многу подобар вкус и текстура кога ќе ѝ додадете нешто кое ќе ја направи покремаста. Разгледајте ги овие пет можности и изберете една која вашиот здрав оброк ќе го направи повкусен и поинтересен.

5 едноставни начини да добиете кремаста овесна каша

1. Пире од банана

Додајте пире од половина банана откако овесните снегулки веќе се добро накиснати или зготвени и добро промешајте. Тешко дека потоа ќе барате друг додаток за овесната каша.

2. Меко тофу сирење

Не плашете да ставите меко тофу сирење во овесната каша за да биде кремаста. Тоа нема вкус и сигурно вашиот засладувач ќе дојде до израз и нема да се смени вкусот. Додајте неколку лажици од него кога овесот е добро накиснат или зготвен.

3. Кокосово млеко

На вообичаениот рецепт за овесна каша додајте уште 100 милилитри кокосово млеко за поинаква текстура. И дома можете да подготвите кокосово млеко според овој рецепт и потоа да го користите со овесната каша.

4. Пире од јаболка

Не само што овесната каша ќе стане кремаста, туку и неговиот вкус е прекрасен. Можете да го употребите овој рецепт за таа намена.

5. Путер од јаткасти плодови

Една или повеќе лажици путер од кикирики или какви било јаткасти плодови ќе направат чуда за вашиот оброк. Истовремено додаваат и протеини и добри масти на појадокот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар