5 диети што се одобрени од медицината и од науката

5 диети што се одобрени од медицината и од науката

Диетите се многу опасни ако им пристапите несериозно и затоа е многу важно да се консултирате со вашиот лекар пред да ја промените вашата исхрана, а овие 5 диети се научно докажани и ефикасни.

5 диети што се одобрени од медицината и од науката

1. Диета со низок внес на јаглехидрати

Тоа е диета со храна која содржи малку јаглехидрати и е совршена за луѓето кои сакаат да изгубат тежина бидејќи го оптимизира здравјето и го намалува ризикот од болести. Флексибилна е и ви овозможува да го усогласите внесот на јаглехидрати во зависност од тоа што сакате да постигнете.

За време на оваа диета се јаде многу зеленчук, месо, риба, јајца, овошје и ореви, како и мрснотии, но малку скроб, шеќер и преработена храна.

2. Медитеранска диета

Медитеранската диета е одлична диета која е детално проучена. Особено е ефикасна за спречување срцеви заболувања. Се јаде храна што обично се јадела низ целиот Медитеран во текот на 20-тиот век и порано.

Медитеранската диета вклучува риба, овошје и зеленчук, месо, житарки, мешунки, млечни производи и маслиново масло.

3. Палео диета

Палео диетата е многу популарна и ефикасна за слабеење и за подобрување на општото здравје. Во моментов е најпопуларна диета во светот. Таа се заснова на јадење необработена храна за која се верува дека наликува на храната која им била достапна на некои предци од палеолитот.

4. Веганска диета

Веганската диета станува сè попопуларна. Таа е поврзана со голем број здравствени придобивки, вклучувајќи намалување на тежината, подобрување на здравјето на срцето и подобра контрола на шеќерот во крвта. Диетата се базира на растителна храна и отстранување на сите производи од животинско потекло.

5. Диета без глутен

Диетата без глутен е неопходна за луѓето кои не толерираат глутен, протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот. За оптимално здравје, треба да се фокусирате на сета храна што е природно без глутен. Сепак, треба да се има предвид дека нездравата храна без глутен е сепак нездрава храна.

Прочитајте кои 6 додатоци во исхраната може да го зајакнат имунитетот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар