5 чудни начини на кои студеното време влијае на вашето тело

5 чудни начини на кои студеното време влијае на вашето тело

За есента и зимата едно е сигурно – ниските температури можат да направат да ви биде многу студено. Но иако звучи очигледно, можеби не знаевте за влијанието што го има студот на нашите тела. Всушност, постојат навистина чудни начини на коишто студот влијае на телото и додека некои се здодевни, некои се сепак одлични.

5 чудни начини на кои студеното време влијае на вашето тело

1. Студот може да ви ја зголеми желбата за секс

Ова е еден од начините на кои студот ви е од корист. Студеното време може да ја зголеми желбата за секс бидејќи поттикнува желба за топлина и прегрнување, но и поради одредени телесни промени во текот на сезоната, како зголемување на бројот на сперматозоиди кај мажите. Повисокото ниво на тестостерон и зголемената плодност во текот на есента и зимата можат да ја зголемат желбата за секс.

2. Исушениот нос може да прави чудни нешта со вашите сетила

Сигурно знаете како внатрешната температура може да ве „исуши“. Истото важи и за вашите органи. Иако студот нема многу да влијае на вашиот вид, мирис и другите сетила, сувиот воздух во затворен простор што ве штити од студот може да предизвика мембрани со слуз во носот, да го исуши, испука и подуе. Ова може да има влијание на сетилото за мирис, но и на сетилото за вкус. Доколку го имате овој проблем во текот на зимата, набавете навлажнувач за воздух.

3. Можно е почесто да одите во тоалет

Едно од почудните влијанија на студот е тоа што може да ве натера почесто да уринирате. Според една теорија, ова се случува бидејќи студот го тера телото да ја пренасочи крвта од периферијата кон центарот за да ги затопли виталните органи. Овој зголемен крвен доток им кажува на рецепторите дека крвниот притисок е повисок од вообичаено и дека треба да се ослободиме од вишокот течност во телото. Поради ова се јавува потребата за често одење во тоалет.

4. Може да влијае на квалитетот на сонот

Овде повеќе влијание има сувоста на воздухот наместо самиот студ. Би било добро да можете ја контролирате влажноста на воздухот во домот и да ја одржувате температурата иста во текот на целата вечер. Сувиот воздух може да ги исуши вашите синуси додека спиете.

5. Студот навистина ве прави посклони кон болести

Студот навистина прави полесно да добиете настинка. Намалувањето на температурите значи и намалување на влажноста на воздухот. Поради ова се сушат очите, носот, устата, стомакот… Сето ова го прави телото поподложно на патогени. Поради ова вирусите земаат замав кога температурите ќе се спуштат.

Знаете ли зошто во текот на зимата изгледаме постаро отколку во текот на летото?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар