5 чудни начини на кои непотребно си го комплицирате животот

5 чудни начини на кои непотребно си го комплицирате животот

За повеќето луѓе животот е доста комплициран. Работат за себе и за саканите, одржуваат социјален живот со пријателите и семејството, се справуваат со проблемите, се обидуваат да се грижат за здравјето…

5 чудни начини на кои непотребно си го комплицирате животот

И покрај ова, некои луѓе како да бараат начин дополнително да си го комплицираат животот. Иако можеби ова не го прават свесно, постапките укажуваат на тоа. Оваа листа ќе ви помогне да откриете со кои навики непотребно го комплицирате вашиот живот, и како да престанете да го правите тоа.

1. Страв ви е да прашате

Колку пати ви се случило да се мачите со некој проблем со денови, недели, па дури и месеци, за на крај решението да излезе во вид на совет од некој пријател? Иако свртувањето кон другите можеби не е секогаш најдобриот избор, неверојатно е колку тоа може да ви го скрати патувањето. Во овие ситуации најчесто проблемот за барање помош настанува од егото кое сака да работи само. Замолчете го вашето его и научете да бидете активен слушач кој не само што ги користи советите, туку ги чува и за следниот пат.

2. Трошите повеќе отколку што можете

Иако денес е речиси невозможно да избегнете долгови, повеќето од нас имаат барем некаква контрола над финансиските средства. Но, животот дополнително ви се комплицира кога почнувате да трошите и да се задолжувате за работи кои навистина не ви се потребни. Пред да ги потрошите парите, добро размислете дали навистина ви е неопходно тоа што сакате да го купите.

3. Барате инстант награда

Сите луѓе знаат што е добро за нив на долгорочен план, но сепак повеќето ги одбираат работите од кои веднаш го гледаат резултатот или наградата. На пример, знаете која храна е здрава и добра за вашето тело, но секогаш победуваат сетилата за вкус, па завршувате со нездрав оброк. Овој начин на живот создава компликации во иднина кои би можеле целосно да се избегнат ако сме ја погледнеле големата слика.

4. Се жалите за сочувство

Никој не сака луѓе кои се жалат, но сите сакаат да се жалат. Мислите дека ова не важи за вас? Размислете на колку луѓе денес сте им раскажале за вашите несреќи. Сигурно на повеќе отколку што сте мислеле. Главната цел на жалењето е барањето сочувство. Иако во моментот можеби ќе се чувствувате подобро, сепак тоа не вреди за постојано одново да ги преживувате лошите работи кои ви се случиле.

5. Повеќе реагирате отколку што се активирате

Колку повеќе се активирате, помали се шансите да се соочите со ситуации кои го комплицираат вашиот живот. Колку повеќе реагирате, толку повеќе компликации ќе имате бидејќи на некој начин отворено ги поканувате. Без разлика за кој аспект од вашиот живот станува збор, секогаш активирајте се наместо само да реагирате на ситуацијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар