5 чекори за излез од лоша љубовна врска

5 чекори за излез од лоша љубовна врска

Секој човек, барем еднаш во својот живот влегол во љубовна врска која на почетокот изгледала како добра идеја. Но, со текот на времето, како што се менуваат работите и како што сѐ повеќе го запознавате вашиот партнер, големи се шансите дека на површина ќе излезат нешта кои едноставно не ви се допаѓаат. Доколку чувствувате дека оваа врска е лоша за вас, дека влијае негативно врз вас и вашето здравје, а имате проблем да ја завршите, погледнете ги наредниве неколку чекори кои ќе ве донесат поблиску до тоа.

5 начини да излезете од лоша љубовна врска

1. Прифатете ја вашата улога во врската

Во еден момент сте сметале дека оваа врска би можела да биде совршена за вас, но доколку постојано се разочарувате и нештата не се менуваат, тогаш големи се шансите дека можеби погрешно сте го процениле партнерот или пак, вашите очекувања едноставно биле поинакви. За да можете да си дозволите да ставите крај на оваа врска, мора прво да ја прифатите вашата улога во врската – вие доброволно сте се вклучиле во неа и сега откако сфативте дека таа не е повеќе она што ви треба, вие сте оние кои треба да ѝ го стават крајот. Така многу полесно ќе го направите потребниот чекор и ќе започнете со потрагата по нова личност која повеќе ќе одговара на она што вам ви е најпотребно.

2. Прифатете дека вашиот партнер е онаков каков што е

Сите ние се менуваме, тоа е природен дел од нашиот раст и развиток. Но, понекогаш се менуваме толку многу што едноставно ни најблиските не можат да нѐ препознаат. Доколку вашиот партнер веќе не е она што бил кога сте ја започнале врската и вие упорно се обидувате го/ја промените тогаш големи се шансите дека до крајот на вашиот живот ќе се разочарувате. Не се плашете од промените и обидете се да ги прифатите. Погледнете го партнерот во неговото вистинско светло, наместо низ вашите „розови очила“ и ако сте сигурни дека тој/таа веќе не е вистинската личност за вас, тогаш ќе сфатите дека е време е да ставите крај на врската.

3. Единствената личност која можете да ја промените сте вие

Факт е дека не можете да го промените размислувањето на вашиот партнер, ниту пак неговото однесување. Не можете да го промените тоа што тој не е подготвен за сериозна врска, или пак тоа што таа постојано доцни. Но, она што можете да го промените е вашата реакција на овие ситуации. Мора да поставите цврсти граници и да стоите на вашиот став и доколку и тогаш не го добивате она што ви е потребно, мора да бидете храбри и да кажете „доволно беше“. Целта на љубовната врска е да ве исполнува со позитивна, а не со негативна енергија.

4. Почитувајте ги вашите соништа

Понекогаш луѓето стануваат толку зависни од партнерот, што дури и кога се несреќни во врската остануваат покрај него/неа само за да не бидат сами. Но, во овој случај промената на перспективата би можела да ви помогне. Обидете се барем на еден момент да се фокусирате на себе и на она што вам ви е потребно. Замислете го вашиот живот без вашиот партнер и размислете каква личност би биле тогаш и на каде би ве водел животниот пат. Би се изненадиле од тоа што ќе го сфатите…

5. Секојдневно правете чекори (мали или големи) кон создавање на животот кој го заслужувате

Целта на вашето постоење не е секојдневно да ги трпите фрустрациите и навредите на личности кои ни самите не се свесни зошто се толку лути. Сите луѓе се различни и сите врски различно функционираат, но тоа не треба да значи дека вие треба постојано да страдате. Животот ќе ни биде онаков каков што ние ќе си го изградиме и токму затоа насочете се кон оној пат кој вас најмногу ќе ве исполнува и радува. Можеби ви звучи себично, но мора да сфатите дека за да можете да влијаете на среќата на другите луѓе, мора прво вие самите да биде среќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар