5 будистички совети за искоренување на грижата

5 будистички совети за искоренување на грижата

Будистите го гледаат животот како илузија, односно според нив ништо нема цврсто постоење. Она што го гледаме како цврсто и постојано постои само во одреден временски период. По неколку месеци, години, децении, тоа нема да постои. Бидејќи ние го гледаме животот како „цврст“ и постојан, често го сфаќаме премногу сериозно и ги преувеличуваме дури и најмалите проблеми. Поради ова стануваме премногу приврзани со ситуациите во животот и се грижиме за нив.

5-budistichki-soveti-za-iskorenuvanje-na-grizhata-kafepauza.mk

Грижењето значи насочување на фокусот на едно единствено нешто. Кога се грижиме, сè друго ни изгледа безначајно освен причината за грижа. Не постои граница за што би можеле да се грижиме. Грижите можат да бидат од доцнење на состанок, до справување со некоја болест. Будистите сметаат дека ние се грижиме бидејќи секогаш ни е потребен конкретен одговор. Луѓето имаат многу чуден страв од несигурноста. Непредвидливоста ни предизвикува неудобност. Поради ова ние сакаме да знаеме за да можеме да се опуштиме. Нашите умови сакаат да се фокусираат на ова знаење бидејќи незнаењето ги вознемирува.

Постојаната грижа за иднината или за минатото предизвикува анксиозност. Важно е да сфатиме дека не можеме да го промениме минатото, и не можеме да знаеме што ќе се случи во иднина, па нема потреба премногу да се грижиме за тоа. Будистите сметаат дека сами си ја создаваме грижата, но според нив не е невозможно да се ослободиме од неа. Овие будистички совети можеби ќе ви помогнат да ги намалите вашите грижи.

1. Имаме „мајмунски“ ум

„Мајмунскиот“ ум е баш таков, постојано се префрлува од едно нешто на друго. Често застанува на одредени мисли пред да продолжи на наредната. Ова застанување е всушност нашата грижа. Кога се грижиме, треба да знаеме дека тоа е природен дел од процесот на размислување. Но, потребна е свесност за да се отстранат грижите.

2. Погледнете ја големата слика

Споредете ја грижата со растение. Колку повеќе му налевате вода, толку повеќе тоа расте. Грижата може да ве вовлече во циклус – колку повеќе се грижите, толку повознемирувачка е ситуацијата. Кога ќе се најдете во ваков циклус, обидете се да ја погледнете ситуацијата од друга перспектива. Погледнете ја големата слика. Многу често проблемите за кои се грижиме не се толку големи.

3. Запомнете дека грижењето нема да ви помогне

Грижењето нема да реши ниту еден проблем. Помислете на сите грижи кои сте ги имале, и ќе сфатите дека со грижење не сте решиле ништо. Сфатете дека тоа е само трошење на вашата ментална енергија.

4. Не можете да контролирате сè

Најчесто причината за грижа е желбата да имаме контрола над секој аспект од нашиот живот. Се надеваме дека можеме да го контролираме исходот од некоја ситуација за да не мора да се соочиме со несакани резултати. Но, ова е речиси невозможно. Иако несигурноста може да ви изгледа застрашувачка, таа не е таква. Прифатете ги несигурноста и незнаењето и имајте на ум дека тие го прават целото искуство поубаво.

5. Фокусирајте се на сегашноста

Она што го правиме во сегашноста влијае на нашата иднина. Па, наместо да се грижите за иднината, фокусирајте се на сегашниот момент и на она што се случува сега. Дозволете им на работите да се случуваат и немојте да ги присилувате.

Погледнете ги знаците кои покажуваат дека стравот не ви дозволува да го живеете вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар