5 брутални вистини за врските коишто секој пар треба да ги знае

5 брутални вистини за врските коишто секој пар треба да ги знае

Иако ќе има безброј убави моменти, важно е да знаете дека во секоја врска се неизбежни расправиите, недоразбирањата и повредувањето. Па, наместо да се обидувате да ги избегнете, најдобро е да ги разберете нештата што можат да предизвикаат проблеми. Овие вистини ќе ви помогнат вашата врска или вашиот брак да станат уште посилни.

5 брутални вистини за врските коишто секој пар треба да ги знае

1. Понекогаш сексот ќе биде како обврска

Полните распореди понекогаш ја убиваат спонтаноста, па сексот може да стане предвидлив и помалку романтичен. Важно е да го одржите интересот во врската, да бидете верни и да ги воочите проблемите кои можеби имаат влијание на вашиот сексуален живот. Можеби едниот од партнерите нема да биде расположен. Можеби некој ќе се чувствува несигурно. Покрај тоа, секој човек сака разни нешта. Важна е отворената комуникација, а вашиот сексуален живот треба да ви биде приоритет.

2. Понекогаш ќе го мразите партнерот

Потребно е да се сакате, но понекогаш и да се мразите со партнерот. Само луѓето коишто ги сакате можат да ве направат гневни до тој степен што ќе почнете да ги мразите. Сепак, спротивно од љубовта не е омразата, туку рамнодушноста. Сте слушнале ли за пар кој никогаш не се расправа? Тоа значи дека едниот или двајцата партнери не ги кажуваат своите проблеми. Конфликтите се нормална работа и ќе се случуваат. Важно е како ќе се справувате со нив.

3. Ќе наидувате на проблеми без решение

Нема сите расправии да завршуваат убаво. Со партнерот ќе имате многу конфликти, мали и големи. Но, важно е да знаете дека нема решение за сите проблеми. Важно е да ја научите разликата помеѓу решливите и нерешливите проблеми, бидејќи вторите бараат поинаков пристап. На пример, ако едниот од вас е социјална личност, а другиот не, тоа нема да се промени. Ако едниот има проблем со меморијата, нема зошто да се лутите кога ќе заборави нешто. Потребно е да престанете да се обидувате да ги решите проблемите без решение и да најдете начин да се справите со нив.

4. Не можете да се фокусирате на секоја врска

Многу парови, особено на почетокот на бракот, сметаат дека нивниот социјален живот нема да се промени. Ова е невозможно. Важно е вие и партнерот да поминувате време сами еден со друг за да ја изградите вашата врска. Иако понекогаш треба да ги вклучите и другите, тоа не секогаш е здраво за врската. Многу нови брачни парови се чувствуваат несигурно ако поминуваат повеќе време со друг брачен пар. Причината е тоа што почнуваат да ја споредуваат врската, а ова предизвикува негативни чувства. Ставете го бракот или врската на прво место и поминувајте време само вие двајца заедно.

5. Вие и партнерот не сте иста личност

На почетокот, навистина сте заслепени од романтиката, но по некое време ќе сфатите дека сте во врска или во брак со некој друг. Оваа друга личност има различни мисли, чувства и мислења од вас. Можеби го гледа светот на сосем поинаков начин, и тоа е во ред. Потребно е да ги почитувате вашите разлики. Може да биде вистински предизвик да прифатите дека партнерот не е дел од вас, но ова ќе ви помогне да созреете и да се прифатите еден со друг. Научете да ги цените овие разлики бидејќи тоа го прави вашиот партнер уникатен.

Прочитајте ги и правилата за среќен брак од нашите баби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар