5 бои кои ја прават зимската гардероба да изгледа многу поскапо
Сезоната на зимски попусти официјално започна. Затоа, во текот на следните недели, многумина ќе ја искористат можноста да купат парче облека што го сакаат веќе подолго време по пониски цени. Ако се подготвувате да инвестирате во зимската гардероба, тогаш можеби ќе ве интересира кои бои ја прават зимската облека да изгледа многу поскапо. Не е тајна дека бојата во голема мера влијае на изгледот на облеката или на додатоците, а во класичната зимска палета на бои има нијанси кои го прават секое парче пософистицирано.
Темнокафена
Во летните комбинации ретко има место за оваа боја, но во зимските изданија таа е многу застапена. Темнокафеав капут, јакна, панталони, џемпер – сите овие се одлични додатоци на зимската гардероба.
Беж
Веќе е кажано сè за оваа омилена боја. Ако сакате да купите ново палто, нека биде модел во беж нијанса бидејќи со оваа класика едноставно не можете да погрешите. Но, и сите други парчиња облека во оваа нијанса ќе изгледаат елегантно, софистицирано и поскапо.
Сива
Апсолутна кралица на неутралните зимски бои. Таа е всушност светлиот еквивалент на саканата црна боја. Во ситуации кога би сакале да носите нешто црно, но сакате малку да го ублажите впечатокот, најлесно ќе го постигнете тоа со сиви парчиња облека.
Бордо
Позната како боја на црвено вино, оваа нијанса е одлична за зимските комбинации, особено кога се комбинира со другите бои од овој список.
Портокалова
Една помалку очекувана боја на овој список е портокаловата. Иако визуелно би ја поврзале со летото, таа се вклопува многу добро и во зимските комбинации. Оваа боја е топла, ќе ја„зачини“ секоја комбинација и ќе биде одличен контраст со неутралните нијанси.
Погледнете кои светли бои можат да го освежат сивиот ден.