5 бизарни животни цели кои ќе ви помогнат да имате подобар живот
Можеби регуларните цели ви станале досадни. Можеби идеалната телесна тежина не ве мотивира како порано. Или пак, можеби веќе не сакате ни да си поставувате цели. Во тој случај, погледнете ги овие бизарни и уникатни цели кои ќе променат вашето секојдневие.
1. Никогаш да не напишете CV за работа
Што ќе се случи во овој случај? Очигледно ќе значи дека нема да се вработите, но дали тоа значи и дека никогаш нема да заработувате? Секако, вашите избори ќе бидат ограничени, но најверојатно ќе ве одведат кон поубава работа во која ќе уживате. Можеби имате талент (свирење музички инструмент, јазици, некој занает) или пак можете да научите нешто ново. Можете и да отворите продавница на Амазон или пак, да се приклучите кон мрежен маркетинг и да изградите сопствен тим. Ниту една од овие опции не бара CV. Следете некоја од нив и ќе ја добиете слободата да ја контролирате вашата судбина.
2. Живејте го животот без долгови
Што ќе значи одбивањето да подигате кредит? Можеби ќе ви биде потешко, но не е невозможно да завршите факултет или да купите куќа без да подигнете кредит. Кога ќе немате долгови, започнувањето на свој бизнис ќе биде уживање за вас. Нема да се плашите од вашите грешки мислејќи дека се крај за вас, туку ќе имате доволно време да научите од нив.
3. Никогаш да не се појавите во судница
Оваа цел ќе ве спаси од мизерија и од губење пари. Иако можеби мислите дека овде станува збор за криминално обвинување, судницата можете да ја видите во процес на развод или некое недоразбирање. Ова значи да ги избегнувате и тие работи. Внимателно одбирајте го вашиот партнер и не запаѓајте во неволји.
4. Нека ве води свеста низ секоја ваша одлука
Оваа цел бара подлабока анализа на вашите одлуки во животот. Можеби мислите дека сите ваши одлуки се донесени свесно, но дали е тоа навистина така? Сте премолчиле ли нешто во врската од страв да не ја изгубите личноста која се однесува лошо кон вас? Дали купувате нездрави продукти од познати брендови само затоа што секој го прави тоа? Вклучувањето на свеста во вашите одлуки можеби ќе го направи вашиот живот потежок, но тој сигурно ќе биде поубав, а вие ќе се чувствувате исполнето и гордо поради личноста која сте станале.
5. Медитирајте секој ден од вашиот живот
Немојте да мислите дека секој ден мора да практикувате класична медитација. Доволно е секој ден да одвоите време за да се поврзете со себеси. Се разбира, понекогаш попрво би гледале телевизија, но наградата која ќе ја добиете од поминувањето време со себе не може да се спореди со ништо. Вие ќе имате контрола над вашите мисли. Како резултат на ова ќе бидете имуни на страв, анксиозност, ситни грижи и стресот целосно ќе ви исчезне. Уште повеќе, ќе развиете способност да го фокусирате вашиот ум.
Погледнете ги и овие едноставни активности кои го прават животот поубав.