45 животни лекции напишани од 90-годишник
Научете по нешто и од туѓото искуство. Девет децении не се малку. 😉
1. Животот не е фер, но сепак е добар.
2. Кога се двоумите, направете го следниот мал чекор.
3. Животот е премногу краток за да не уживате во него.
4. Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе се разболете. Семејството и пријателите ќе се грижат.
5. Не купувајте работи што не ви се потребни.
6. Не треба да излезете како победник од секоја расправија. Само останете доследни на себеси.
7. Кога плачете, исплачете се во нечие присуство. Тоа ќе ви помогне побрзо да ги излечите раните, отколку кога плачете сами.
8. Во ред е да му се лутите на Бога. Тој може да го разбере тоа.
9. Штедете за она што ви е важно.
10. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.
11. Склучете примирје со минатото, за да не ви ја уништи сегашноста.
12. Во ред е да им дозволите на вашите деца да ве видат како плачете.
13. Не споредувајте го вашиот живот со другите, бидејќи не го знаете нивниот животен пат.
14. Ако една врска мора да биде тајна, тогаш не треба да сте во неа.
15. Сè може да се промени со само едно трепкање на окото. Но, не грижете се, Бог никогаш не трепка.
16. Земете длабок здив. Тоа го смирува умот.
17. Ослободете се од работите што не ви требаат и не се корисни. Нивната тежина ве влече надолу.
18. Она што нема да ве убие, навистина ќе ве направи посилни.
19. Никогаш не е предоцна да бидете среќни. Но, тоа зависи само од вас и од никој друг.
20. Кога тргнувате по она што навистина го сакате во животот, не прифаќајте „не“ за одговор.
21. Запалете ги свеќите, постелете убави чаршафи, облечете секси облека. Не чувајте ги за специјална пригода. Денеска е тој ден.
22. Добро подгответе се, па потоа опуштете се и полека „запловете“ по животот.
23. Бидете ексцентрични. Не чекајте да остарете за да облечете розово.
24. Најважниот сексуален орган е мозокот.
25. Никој не е одговорен за вашата среќа, освен самите вие.
26. После секоја животна катастрофа запрашајте се: „За пет години, ќе ми биде ли ова важно?“
27. Секогаш одберете живот.
28. Простувајте, но не заборавајте.
29. Она што другите го мислат за вас, не е ваша работа.
30. Времето лечи речиси сè. Затоа дајте му време на времето.
31. Колку и да е добра или лоша ситуацијата, таа ќе се промени.
32. Не доживувајте се себеси толку сериозно. Никој друг не ве доживува така.
33. Верувајте во чуда.
34. Бог ве сака заради тоа што Тој е таков, а не бидејќи нешто сте направиле или не сте направиле.
35. Не правете ревизија на животот. Искористете го најдобро што можете.
36. Стареењето ја победува алтернативата – да се умре млад.
37. Вашите деца имаат само едно детство.
38. На крајот, сè што е навистина важно е љубовта.
39. Излегувајте надвор секој ден. Чуда се случуваат насекаде.
40. Ако сите ги фрлиме проблемите на еден куп и ги погледнеме туѓите, веднаш ќе си ги зграбиме своите назад.
41. Зависта е губење време. Прифатете го она што веќе го имате, а не она што мислите дека ви треба.
42. Најдоброто допрва ќе дојде…
43. Без разлика како се чувствувате, станете, облечете се и излезете.
44. Придонесувајте.
45. Животот не го добивате завиткан со панделка, но, сепак, тој е подарок.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Убаво кажано. 🙂