44 начини да се вљубувате секој ден одново и одново

44 начини да се вљубувате секој ден одново и одново

Колку пати и да сте паднале и да сте се чувствувале изневерено и разочарано, суштината е во брзината на исправувањето. Сè што треба да направите е да донесете одлука и тоа не каква било туку дека отсега па натаму ќе бидете среќни и ќе чувствувате љубов во вашите срца секој ден. Запомнете, формулата за голема среќа е во малите нешта.

0-44-nachina-da-sevljubuvate-sekoj-den-odnovo-i-odnovo-kafepauza.mk

1. Поставувајте им вистински прашања на луѓето. За нивните страсти, стравови, надежи и соништа.

2. Претставувајте се себеси пред другите. Бидете храбри и чувствителни.

3. Слушајте ги луѓето. Навистина слушајте ги.

4. Помогнете му на секој на кој можете, од непознати до најблиски пријатели. Не го вртете грбот.

5. Бидете возбудени за сè што се случува наоколу, за сите мали победи и ценете ги – тие ви го прават животот посладок.

6. Посетете ги старите пријатели. Не дозволувајте другарството да избледи. Потсетете се на причината зошто сте благодарни што ги имате нив и борете се за нив.

7. Патувајте на нови места. Уживајте во различните култури. Сè што е понудено во светот – искусете го, не плашете се и не затворајте очи на можностите кои се отвораат пред вас.

8. Живејте во моментот кога сте опкружени со луѓе. Ако сакате со некого да го поминувате времето тогаш бидете присутни и психички и физички.

9. Одвојте посебно време за вашите најблиски пријатели и фамилијата.

1-44-nachina-da-sevljubuvate-sekoj-den-odnovo-i-odnovo-kafepauza.mk

10. Прегрнувајте. Испружете ги рацете и обвиткајте ги луѓето кои ги сакате. Покажете им дека секогаш ќе бидете тука за да ги потсетите колку ви е вредна врската со нив.

11. Препуштете се на чувствата и уживајте. Навивајте како луди на кошаркарски натпревар, играјте сосема слободно на концерт, трчајте како никогаш да не ќе запрете. Дозволете си да бидете шармирани и восхитени од вашите страсти.

12. Покажете се во право светло пред луѓето.

13. Не се срамете од она што сте и дозволете да ве сакаат и поради доброто и поради лошото, убавото и грдото, слабото и силното во вас, тоа се нераскинливи делови од вашата личност.

14. Искажете ги вашите размислувања.

15. Вклучете ги вашите емоции во приоритетите и важните нешта на овој свет. Не можете да се вљубите во животот доколку не се грижите за луѓето во него.

16. Прифатете го мислењето на другите. Побарајте да го слушнете и нивното. Почитувајте ги. Учете меѓусебно.

17. Држете го срцето на дланка без разлика колку и страшно да ви изгледа да го отворите пред некого.

18. Ценете ја невиноста на светот. Играјте си со децата и животните сè почесто.

2-44-nachina-da-sevljubuvate-sekoj-den-odnovo-i-odnovo-kafepauza.mk

19. Учете од примерите на децата и животните за неизмерната среќа.

20. Гледајте ги луѓето во очи додека зборувате. Покажете им дека сте навистина присутни.

21. Не пропуштајте ги шансите. Бидете спонтани. Уживајте во неочекуваната љубов.

22. Смејте се. И кога не ви возвраќаат со насмевка повторно насмевнете се, некој друг ќе ви возврати. Не знаете кога некоја насмевка може да ви го украде срцето.

23. Сакајте си го телото. Грижете се за него и ценете го затоа што тоа е уникатна обвивка на вашата душа. Делот кој континуирано се заљубува е поврзан со чувството да се сакате самите себеси баш онакви какви што сте.

24. Седнете до некого наместо да седите сами. Не се изолирајте себеси.

25. Почитувајте и очекувајте го тоа и од другите. Почитта е материјал за изградба на заедничка љубов.

26. Кажувајте „Те сакам“, „Благодарам“, „Се гордеам со тебе“.

27. Никогаш не пропуштајте ги можностите за вистинска комуникација со луѓето кои ги сакате.

3-44-nachina-da-sevljubuvate-sekoj-den-odnovo-i-odnovo-kafepauza.mk

28. Бидете чесни и морални. Вреди да се борите за вистината.

29. Кажувајте „да“.

30. Давајте им на луѓето втора шанса иако ве изневериле. Многу често ја одбиваме љубовта поради погрешните врски со луѓето во минатото. Не дозволувајте оние кои ви го скршиле срцето да ја контролираат можноста да го пронајдете најдоброто во другите.

31. Играјте игри. Играјте надвор. Забавувајте се и нека ве обземе тоа.

32. Споделувајте храна со пријателите и фамилијата и со луѓето кои допрва ќе станат дел од вашата фамилија.

33. Смејте се неконтролирано секогаш кога сакате. Смејте се најмногу што можете. Тоа ја лечи душата и ве спојува со другите на неповторлив начин.

34. Пејте како рок ѕвезда. Нека ви движи музиката.

35. Опкружете се себеси со луѓе кои ве охрабруваат и го вадат најдоброто од вас. Начинот на кој ќе се инспирирате меѓусебно е незаменлив.

36. Пробувајте нова храна. Нови вина. Нови вкусови на сладоледи.

37. Сочувствувајте со другите. Нека ве инспирираат за да продолжите понатаму.

38. Играјте неконтролирано. Без разлика дали личите на ѕвезда или на идиот, дозволете музиката да ве движи.

39. Додека го правите тоа, побарајте некого и играјте со него.

40. Научете што е можно повеќе. Апсорбирајте информации како сунѓер. Заљубете се во приказните, историјата, во сè што вашиот мозок е жеден да го дознае.

41. Следете ги соништата. Барајте работа која знаете дека ќе ги разбуди најдобрите делови во вас.

42. Секој посакува љубов за која вреди да се бориш, токму таа љубов може да ви донесе задоволство и внатрешно исполнување во секој изминат ден.

43. Прифатете се себеси! Бидете горди. Самоуверени. Силни.

44. Можете секојдневно да се заљубувате во себеси. Погледнете се во огледало и знајте дека вашето срце ќе зрачи со љубов. Тоа може да достигне извонредни големини, само треба да го отворите. Изборот е ваш.

5-44-nachina-da-sevljubuvate-sekoj-den-odnovo-i-odnovo-kafepauza.mk

Па пријатели, ајде заљубете се во овој живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар