40 прашања кои се плашиме да си ги поставиме

40 прашања кои се плашиме да си ги поставиме

Созревањето и здравиот ментален живот подразбираат бескомпромисно преиспитување на состојбите во нашиот живот. Тоа не е лесно, бара голем напор и храброст, па затоа следните четириесет прашања сите се плашиме да си ги поставиме. Прочитајте ги и обидете се да си ги одговорите, а штом го добиете одговорот некои заблуди и стравови можеби ќе исчезнат од вашиот живот.

40 прашања кои се плашиме да си ги поставиме

1. Ако денес беше последниот ден од твојот живот, ќе сакаше ли да го правиш она што планираш да го правиш денес?

2. Кој дел од иднината најмногу те загрижува?

3. Дали упорно се надеваш на нешто кое мораш да го оставиш зад себе?

4. Да имаше пријател кој ќе ти зборуваше онака како што понекогаш самиот си зборуваш со себе, колку долго ќе се дружеше со него?

5. Која е разликата меѓу живеење и постоење?

6. Ако учиме од грешките, тогаш зошто се плашиме да ги правиме?

7. Какво влијание сакаш да имаш врз околината?

8. Нешто ти е вон дофат? Или само не се истегна доволно кон тоа?

9. Што забораваме да видиме во секојдневното брзање?

10. Ако животот е толку краток, зошто и понатаму правиме многу работи што не ги сакаме и зошто сакаме толку многу работи кои не ги правиме?

11. Ако можеш да ѕирнеш во срцето на твојот непријател, што е тоа што очекуваш да го видиш, а е различно од она што се наоѓа во твоето срце?

12. Животот е премногу краток за да се толерира ___________?

13. Ако сè уште ништо не си добил, што имаш да загубиш?

14. Како знаеш кога да продолжиш да се надеваш на нешто, а кога да го оставиш тоа зад себе?

15. Зошто си ти важен/а?

16. На колку пријатели безрезервно им веруваш?

17. Дали си задоволен/а со себе?

18. Имаш ли некој страв за кој си свесен/а дека ти пречи во остварувањето на целите?

19. Како го трошиш најголемиот дел од твоите пари?

20. Имајќи ги предвид твојата секојдневна рутина и навиките, каде се гледаш по пет години?

21. Би сакал твоето дете да биде помалку привлечно и повеќе интелигентно или повеќе привлечно и помалку интелигентно?

22. Си направил ли нешто со кое не се гордееш?

23. Освен пари, што друго си стекнал од работата која ја работиш?

24. Дали понекогаш се преправаш дека разбираш работи кои всушност не ги разбираш?

25. Која е првата промена која ти е потребна во следните дванаесет месеци?

26. Дали некогаш си молчел кога требало да зборуваш?

27. Која обврска ја одложуваш во овој момент?

28. На кој начин си наштетуваш себеси?

29. Посакуваш ли да не знаеше нешто?

30. Од што си се откажал?

31. Која лекција можат другите да ја научат од твојот живот?

32. Кои грешки постојано ги повторуваш?

33. Како се однесуваш кога не ти е возвратена љубовта?

34. Што ја уништува твојата среќа?

35. Што најмногу сакаш да постигнеш пред да умреш?

46. Што ти вели оној глас во твојата глава во последно време?

37. Што е полошо од смртта?

38. Колку краток би требало да биде твојот живот за да направиш некаква промена уште денес?

39. Како се однесуваш кога не им се допаѓаш на другите?

40. Кој е најлесниот начин да се потроши животот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Mimi Reply

    Ubavi prasanja, samo sto naslovot ne mi e jasen: zosto bi se PLASELE da si gi postavime ovie prasanja? Ne gledam pricina???

Остави коментар