40 мали начини да станете светло во нечија темнина
Во денешниот модерен свет, љубезноста е одамна исчезната. Сè помалку има сочувствување. А, толку малку е потребно за да разубавиме нечиј живот. Кога сите ние малку би се потрудиле, кога би се отвориле кон другите, светот би бил поубав. Затоа решивме да ве потсетиме на овие 40 мали работи кои можете да ги направите за некого, а истовремено и самите вие да се чувствувате прекрасно.
1. Насмевнете се на некој непознат.
2. Слушајте.
3. Понудете ја вашата помош кога ќе здогледате некој што ги носи кесите од маркетот до автомобилот.
4. Мавнете со раката кога ќе поминете покрај автомобил или пешак.
5. Пуштете го оној кој се приклучил во сообраќајот кога чекате на семафор.
6. Придржете ја вратата на оној кој доаѓа зад вас.
7. Платете го оброкот на оној кој стои зад вас во редот.
8. Пратете ја некому онаа стара честитка за роденден.
9. Згответе оброк на семејството кое изгубило некого.
10. Напишете некому охрабрувачка порака.
11. Напишете некому стих од Библијата за да го инспирирате.
12. Потсетете ги вашите најмили колку многу ги сакате.
13. Пратете му некому неочекуван подарок.
14. Воспоставете разговор со личност што сте ја запознале токму сега.
15. Посакајте му добар ден на некој непознат.
16. Без причина понудете ја вашата помош.
17. Подарете ѝ цвеќе на некоја непозната личност.
18. Пуштете некого пред вас во редот.
19. Купете оброк на бездомник.
20. Кажете му некому дека е убав.
21. Прегрнете некого.
22. Кажете го вашето сведоштво или охрабрувачка приказна.
23. Понудете го вашето рамо за плачење.
24. Прашајте како можете да помогнете.
25. Бидете глас на оној кој не може да пронајде зборови.
26. Понудете да се молите за некого.
27. Понудете да се молите со некого.
28. Направете нешто убаво за некого, без некоја посебна причина.
29. Дајте комплимент.
30. Повикајте ги пријателите на вечера.
31. Бидете отворени и охрабрувачки за некого кој се соочува со некоја промена.
32. Бидете потпора на кој било начин.
33. Кажете виц за да разубавите нечиј ден.
34. Бидете присутни. Во која било ситуација.
35. Ширете го евангелието.
36. Погледнете некого во очи и прифатете го.
37. Искажете благодарност.
38. Делете го вашиот благослов.
39. Кажете некому дека е важен.
40. Бидете позитивни и ширете ја вашата позитивност на овој свет.