4 знаци кои ќе ви укажат на фактот дека користите погрешен крем за нега на вашето лице!

4 знаци кои ќе ви укажат на фактот дека користите погрешен крем за нега на вашето лице!

Сигурно многупати досега сте се запрашале кој е идеалниот хидратантен крем за нега на вашето лице, особено доколку оној што го користите во моментот не дава никакви ефекти. Во продолжение прочитајте кои знаци укажуваат на фактот дека користите погрешен крем за лице.

4 знаци кои ќе ви укажат на фактот дека користите погрешен крем за нега на вашето лице!

Осип или црвенило

Постојат голем број причини зошто може да имате осип или црвенило, а една од нив може да биде токму вашата чувствителна кожа која не реагира добро на нов производ. Можеби сте алергични на една од состојките во вашиот хидратантен крем, како што се синтетички мирис, ретинол или хидрокси киселини. Престанете да го користите кремот неколку дена, а ако симптомите не исчезнат по неколку недели, побарајте мислење од дерматолог за да ја дознаете причината.

Сува кожа

Ако вашата кожа е сè уште екстремно сува и по нанесувањето на хидратантен крем, можеби е време да купите друг, побогат хидратантен крем кој ќе го обнови оштетениот епидермис.

Акни

Ако вашата кожа е склона кон акни, треба да пробате хидратантна крема со полесна формула и текстура. Наместо крем, можете да пробате и серум на база на вода или гел – крем кој содржи хијалуронска киселина.

Мрсна кожа

Ако забележите дека вашата кожа е премногу сјајна неколку часа по нанесувањето на кремот, сигурно користите погрешен крем. За контрола на прекумерното лачење на себум, може да помогне навлажнувачки крем кој содржи гликолна или салицилна киселина. Не заборавајте дека вашата кожа сè уште има потреба од хидратација, но таа треба да биде на база на вода, а не на масло.

Откако прочитавте кои знаци можат да укажат на фактот дека користите погрешен крем за лице, можеби ќе сакате да прочитате и за овие три моќни и евтини состојки кои треба веднаш да ги додадете во вашиот крем за лице.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар