4 знаци дека вашиот партнер не е толку добра личност колку што изгледа

4 знаци дека вашиот партнер не е толку добра личност колку што изгледа

Не ретко може да се сретнат луѓе кои на почетокот изгледаат како добри и фини, но по одреден период ја откриваат вистинската, темна страна на нивната личност. Разочарувачки е да сфатите дека партнерот со кој сте си ја замислувале иднината и сте вложувале во неа, носи маска и во реалноста е поинаков. Па, како да знаете дали оној кој е до вас е навистина добар човек, или во себе крие нешто сосема спротивно? Во вакви случаи, еве на кои знаци да внимавате.

4 знаци дека вашиот партнер не е толку добра личност колку што изгледа

1. Се жали кога сте премногу зафатени

Можеби од една страна звучи прекрасно што тој сака да го помине секој момент со вас, но што со вашиот личен живот? Што доколку сте премногу зафатени, па не можете да излезете со него? Добриот партнер нема да ве осудува и ќе ви рече дека ќе му недостигате. Ова е сосема во ред, затоа што стабилната врска се заснова на меѓусебна почит и разбирање. Па, пазете се од човекот кој ќе направи да се чувствувате лошо затоа што сакате да имате свој приватен живот. Не заслужувате ваков вид врска, затоа што никогаш не треба да се чувствувате виновни кога го правите она што вие го сакате.

2. Лошо зборува за своите бивши

Чувајте се од човекот кој зборува лошо за неговите претходни девојки. Ако тој постојано ги обвинува нив за раскинувањето и притоа не презема никаква одговорност, најверојатно ова ќе се случи и со вас откако ќе се разделите. Секогаш постојат две страни на приказната, а оној кој постојано се прикажува себеси како жртва, најверојатно не ја кажува целата вистина. Во такви случаи тој или навистина верува во тоа, што значи дека не може да признае кога греши, или пак е добар лажго. Како и да е, тој не е вистинскиот за вас.

3. Ви кажува дека е добар човек

Всушност, вистински добрите личности не одат наоколу зборувајќи колку се тие добри, ниту пак имаат цела листа која ги опишува во најдобро светло. Нивните постапки ќе ви ја покажат вистинската личност и ним не им треба да ве убедуваат во нешто, едноставно, со текот на времето вие ќе го сфатите тоа.

4. Прави премногу планови за иднината

Лажно добрите момчиња се преполни со фантазии и планови за иднината. Тие ќе ви ветуваат патувања, па може дури и да го одредат и датумот на кој би заминале. Но, тоа секогаш останува нереализирано. Вистинската личност нема да се фали со ова, туку едноставно ќе организира сѐ и ќе ве изненади.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар