4 знаци дека вашиот партнер не е сериозен за вашата врска

4 знаци дека вашиот партнер не е сериозен за вашата врска

За жал речиси никогаш не е едноставно да откриете дали партнерот сака сериозна врска. За многу луѓе стапувањето во сериозна врска може да биде навистина страшно. Ако не верувате дека вие и партнерот сте на иста страна за насоката во која се движи врската, важно е да препознаете дали тој е сериозен или не.

4 знаци дека вашиот партнер не е сериозен за вашата врска

Иако можеби е искушение да останете позитивни и да избегнувате да се фокусирате на грижите надевајќи се дека партнерот ќе сфати дека вие сте вистинската личност за него, големи се шансите ова никогаш да не се случи. Причината е што најчесто кога некој не сака сериозна врска, веќе се одлучил на тоа уште на почетокот. Можеби уште преболува нешто од минатото, или пак емоциите не се силни колку вашите. Како и да е, не заборавајте дека вредите премногу за да чекате некој да одлучи дали сте вистинската личност за него. Ако забележите некој од следниве знаци, време е за сериозен разговор.

1. Уште не ги познавате неговите блиски пријатели и семејство

Кога партнерот не сака сериозна врска, ќе бара изговори за да не ве запознае со семејството и пријателите. Не заборавајте дека влегувањето во неговиот потесен круг значи дека сте приоритет и дека ве смета за важен дел од неговиот живот. Ако сте се состанувале неколку недели, а сè уште не ја познавате мајка му, немојте да се плашите, сепак е премногу рано. Од друга страна, ако сте заедно неколку месеци, а уште не познавате никој којшто му е близок, можеби причината е тоа што не ја сфаќа врската сериозно.

2. Не ве вклучува во конкретните идни планови

За да се осигурите дека врската ќе се движи напред, потребно е барем некаков план за иднината. Покрај тоа, заедничкото планирање може навистина да ве зближи. Ако ова не се случува или партнерот само ви зборува без да преземе нешто, време е да му поставите неколку прашања. Можеби партнерот ќе ви раскажува за вашиот заеднички живот полн со одмори, авантура и возбуда. Но, ќе забележите дека всушност немате направено никаков план. Тогаш овие разговори се само фантазија и се далеку од реалноста.

3. Не донесувате заеднички одлуки

Можете да откриете колку е посветен партнерот на врската со тоа што ќе забележите колку често сте вклучени во неговото донесување одлуки. Размислете дали партнерот го зема превид вашето мислење кога донесува одлуки за иднината.

4. Не е постојан

Кога некои луѓе ќе почувствуваат дека врската станува пореална од она што го очекувале, почнуваат да се повлекуваат, да се оддалечуваат, и им треба подолго да ви одговорат на пораката или на повикот. Па, ако партнерот е непостојан кога станува збор за контактот помеѓу вас или ви се доверува поретко, можеби не ја гледа врската како нешто сериозно.

Важно е да водите отворен разговор за вашите чувства со партнерот. Ова е особено важно ако мислите дека не сте на иста страница. Штом ќе ги искажете вашите грижи, останува на партнерот дали ќе може да ви го пружи она што ви е потребно. Ако одговорот е не, најдобро е да си заминете.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте подготвени за сериозна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар