4 знаци дека вашиот партнер е љубоморен иако изгледа самоуверено
Љубомората може да дојде од многу места. Некои се плашат дека ќе ја изгубат саканата личност, на други им е страв од неверство. Обично љубомората е гласна и гневна и може да се појави кога најмалку очекувате.
Но понекогаш нејзините знаци се навистина суптилни. Важно за секоја врска е да знаете што чувствува вашиот партнер и да разговарате за тоа. Ако забележите некој од овие суптилни знаци на љубомора, најдобро е да го решите тоа пред да стане преголем проблем.
1. Партнерот е позагрижен за она што го правите откако сте изгубиле некој килограм
Кога едниот партнер слабее, другиот се чувствува љубоморно. Дел од ова потекнува од искрениот страв дека партнерот изгледа подобро од кога било и сега е подготвен да најде некој подобар од него. Ако партнерот изгледа многу позагрижен за тоа каде сте, каде ќе одите и што правите на социјалните мрежи, можеби е знак дека е љубоморен.
2. Лут е откако ќе се насмеете на туѓа шега
Ова најчесто се случува без никаква намера од ваша страна. Собрани сте со група пријатели, но собирот станал голем и опкружени сте со многу странци. Сигурно ќе се насмеете на нечија шега без многу размислување. Можеби тоа не значи ништо за вас, но на партнерот може да му изгледа како да сте заинтересирани за таа личност. Можеби ќе престане да реагира и ќе остане тивок до крајот на вечерта. Сигурно ќе си помислите дека има многу за размислување. Во други ситуации на партнерот може очигледно да му се влоши расположението и да се однесува малку лошо кон вас.
3. Далечен е откако сте излегле со пријателите или сте останале до доцна во канцеларија
Според едно истражување, минувањето време со вашите пријатели може да го направи партнерот љубоморен. Кога излегувате со пријателите, партнерот се чувствува како неговата улога во вашиот живот да е во опасност. Слично, ако останете до доцна во канцеларија може да го почувствува истото. Работата е неопходна, но изгледа како да зафаќа сè поголем дел од вашиот живот што ви остава малку време за партнерот.
4. Изгледа навредено откако сте застанале на туѓа страна во дискусија
Повеќето од нас потсвесно очекуваат партнерот да застане на наша страна. Можеби не приватно, но сигурно околу пријатели, познаници и странци. Кога ќе застанете на нечија друга страна во дискусија, на партнерот ќе му изгледа како да сте го предале, дури и ако не станува збор за тоа.
Овие знаци звучат фрустрирачки за справување. Сепак повеќето од нив немаат врска со вас и зависат од реакцијата на партнерот. Но кога ќе одвоите време за комуникација и јасно ќе му кажете на партнерот како се чувствувате, можете да избегнете многу од овие конфликти во иднина.
Дознајте и која е разликата помеѓу љубомората и зависта.