4 знаци дека токму вие сте токсичната личност на вашето работно место

4 знаци дека токму вие сте токсичната личност на вашето работно место

Работната атмосфера е многу важна затоа што таму го поминувате поголем дел од денот. Но, никогаш не е сѐ совршено. Имено, постојат некои вработени кои постојано се непријатни и негативно влијаат на другите. Но, што ако вие сте едни од овие личности? Најпрво, многу е важно да умеете објективно да го согледате вашето однесување и да се обидете да сфатите како истото влијае врз другите, а потоа да ги преземате потребните чекори за ваше подобрување. Погледнете ги овие четири знаци кои ви покажуваат дека токму вие сте токсичната личност на вашето работно место, а и што да направите во врска со тоа.

4 знаци дека токму вие сте токсичната личност на вашето работно место

1. Секогаш јадете сами

Дали ви се чини дека секогаш сте изоставени од собирот на вашите колеги за време на ручекот? Или пак дека по некоја „случајност“, другите во собата секогаш седнуваат подалеку од вас? Сфатете го ова како предупредување. Изгледа луѓето ве избегнуваат и можеби никогаш не сте му придале поголемо значење на ова, но сепак, тоа е некој знак. На подолг период ова не може да остане незабележано, па доколку се најдете во ваква осамена и фрустрирачка состојба, испитајте го вашето однесување и обидете се да изградите подобри односи со вашите колеги.

2. Вие сте единствените кои постигнуваат успех

Дали и вие постојано вложувате премногу напор, давате сѐ од себе и ги оставате другите во сенка? Секако, тоа е добра работа, но треба да откриете зошто никој друг не го прави тоа. Можеби вашиот успех доаѓа за сметка на другите? Дали ги користите туѓата работата и идеи? Наместо постојано да бидете фокусирани на вашиот успех, обидете се да им помагате на другите околу вас, изградете пријателство и создајте различни стратегии. Ова е одличен начин да ги вежбате вашите лидерски вештини и да им покажете на вашите претпоставени дека можете да го водите тимот. Доколку сте омразени од вашите колеги, тогаш со сигурност ќе останете сами, затоа што не можете да бидете лидер доколку не сте почитувани од останатите.

4 знаци дека токму вие сте токсичната личност на вашето работно место

3. Секојдневно драматизирате

Ако вашиот живот на работа почнува да личи на тинејџерските денови, тогаш вие веќе имате проблем. Секогаш сакате да коментирате за случувањата, настојувате да им влијаете на вашите колеги и се интересирате за нивните лични животи. Нормално е секогаш да постои некоја драма, но доколку навистина сакате да успеете, треба да се трудите да ја игнорирате. Ако постојано се наоѓате во средина на некоја кавга, тогаш повлечете се. Обидете се да откриете што правите за да бидете во такви ситуации, па трудете се да го поправите тоа.

4. На некој начин, вие секогаш сте жртвата

Ако сметате дека вие секогаш сте жртвата и дека никогаш не грешите, тогаш проблемот е во вас. Престанете да се однесувате како жртва и почнете да ги решавате проблемите и продолжете понатаму. Променете го начинот на размислување и другите ќе почнат повеќе да ве почитуваат. Не можете да добиете поголема работна позиција доколку не умеете да ги прифатите своите грешки и да имате контрола над нив. Преземете ги работите во свои раце!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар