4 знаци дека сте нетолерантни на некоја храна
Нетолеранцијата на храна може да биде вистински кошмар за вашето тело. Кога се справувате со вакво нарушување, имате проблеми со варење одредени видови храна. Храната што најчесто е поврзана со нетолеранција се млечните производи и глутенот. Симптомите на нетолеранција не се појавуваат брзо како и симптомите на алергија и обично е потребно подолго време за да ги забележите.
Иако се суптилни, овие симптоми можат да ви предизвикаат многу проблеми. Понекогаш е тешко да одредите дали станува збор за алергија на одреден вид храна или за нетолеранција. Разликата е што кај алергиите се активира имунитетот, додека нетолеранцијата влијае само на дигестивниот систем. Ова се некои од најчестите знаци за нетолеранција на храна.
1. Секогаш ви се оди во тоалет
Ако секогаш одите во тоалет откако ќе изедете некој вид храна, најверојатно станува збор за нетолеранција. Дијарејата, гасовите или кое било чувство на неудобност во стомакот често е главен симптом за нетолеранција. Па ако приоритет ви е да има чист тоалет каде и да одите, најверојатно не ви е само грижа за хигиената, туку станува збор и за нешто повеќе.
2. Силна болка во стомакот
Телото ви кажува за проблеми со дигестивниот систем преку грчеви во стомакот. Ако редовно чувствувате болка во стомакот неколку часа по оброкот, можеби станува збор за нетолеранција. Можете да чувствувате болка, а можете да се соочите и со подуеност на стомакот. Ова е чест симптом кој се појавува кај мнозинството луѓе со нетолеранција на храна. Можете да почувствувате грчеви и болки во стомакот ако изедете или испиете многу, или ако консумирате храна што не е добра за вас.
3. Нетолеранција на лактоза
Ако имате нетолеранција на храна, најверојатно имате и нетолеранција на лактоза. Ако забележите дека ви се појавуваат проблеми со стомакот секогаш кога консумирате млечни производи, најверојатно вашиот организам не поднесува лактоза. Ако самата помисла на млечни производи прави да ви се гади, тоа е знак дека треба да престанете со консумирање на овие продукти. Нетолеранцијата ќе се покаже преку гасови и проблеми со дигестијата, а со текот на времето може да се влоши доколку не се откажете од млечните производи.
4. Болки во мускулите и зглобовите
Некои видови храна можат негативно да влијаат на вашата секојдневна рутина. Ако имате болки во мускулите или зглобовите откако ќе изедете одреден вид храна, најверојатно не сте толерантни на неа. Вашето тело може да ви дава знак дека нешто не е во ред преку грчеви во мускулите и зглобовите, наместо преку вашиот стомак.
Како настанува нетолеранцијата на храна?
Постојат неколку фактори што предизвикуваат нетолеранција на храна.
- Труење од храна. Кога храната што ја консумирате не му годи на телото, настанува нетолеранција. Причината можат да бидат хемикалии во храната што предизвикуваат токсичен ефект кога ја консумирате. Ова може да предизвика вртоглавица, повраќање и дијареја. Многу прехранбени продукти ја содржат хемикалијата салицилат која се користи на растенијата против бактерии, габи и инсекти. Кога луѓето кои не се толерантни на салицилат консумираат храна со оваа хемикалија чувствуваат неудобност. Нетолеранција може да предизвика и храната што не е правилно зготвена или што не била чувана како што треба.
- Недостаток од ензими. Кога на телото му недостигаат одредени ензими за дигестија, настануваат проблеми во варењето на храната. Ензимите се од голема важност кога станува збор за целосна дигестија на храната. Нивното отсуство остава дел од храната необработена, а ова резултира со грчеви, подуеност, болки и гасови. За речиси секој вид храна се потребни ензими. Недостатокот од нив е една од најчестите причини за нетолеранција на храна.
Нетолеранцијата на храна не само што е здодевна, туку може да биде навистина болна. Како и секоја здравствена состојба, и во овој случај треба да се консултирате со лекар. Тој ќе ви помогне да одредите кои видови храна ја предизвикуваат нетолеранцијата во вашето тело. Најчесто станува збор за кофеин, глутен, шеќер и млечни производи, но секој човек е различен.
Бидејќи е навистина честа појава, погледнете кои се симптомите кои укажуваат на нетолеранција на глутен.