4 знаци дека не сте свесни за вашата зависност од партнерот

4 знаци дека не сте свесни за вашата зависност од партнерот

Во една здрава љубовна врска, партнерите подеднакво уживаат во заедничкото време, но и во времето кое го поминуваат одделени. Тие се способни да функционираат еден покрај друг, како и сами. Но, што се случува со оние врски каде што партнерите премногу зависат еден од друг? Прочитајте ги следниве 4 знаци кои укажуваат на несвесна зависност од вашиот партнер и откријте што можете да направите за да го подобрите вашиот однос…

4 знаци дека не сте свесни за вашата зависност од партнерот

1. Повеќе се грижите за вашиот партнер отколку за себе

Дали сте забележале дека цел ден се грижите за како вашиот партнер се снаоѓа на работа, наместо да се фокусирате на вашите работни обврски? Дали постојано размислувате на неодамнешната ваша караница поради која не можете ништо друго да сработите?

Доколку забележувате дека вашето внимание е повеќе насочено кон она што се случува со вашиот партнер, отколку кон она што вам ви се случува во моментов, тогаш тоа е еден од најголемите знаци дека сте претерано зависни од вашиот партнер. И покрај тоа што е сосема нормално да помислувате често на вашиот партнер, загрижувачки е доколку опсесивно сте насочени кон него/неа.

2. Верувате дека тој или таа се оние кои ве прават среќни

Постои огромна разлика помеѓу тоа да бидете среќни покрај вашиот партнер и да очекувате тој/таа да ве прави среќни. Доколку второто е вистинито за вас, тогаш време е да застанете малку и да размислите добро за вашиот живот. Дали правите доволно нешта за вас? Дали постои и нешто друго што би можело да ве усреќи?

Ако тој или таа се единствената причина поради која сте среќни, тогаш тоа е сигурен знак на зависност, а тоа може да биде многу опасно за вас. Доколку верувате дека само една личност ја поседува моќта да ве направи среќни, тогаш целосно сте ја предале својата контрола врз емоциите на оваа личност.

3. Имате проблеми со контролата во врската

Дали преземате премногу контрола врз нештата? Или пак, навикнати сте тоа да го прави вашиот партнер? Без разлика на ситуацијата, доколку еден од вас постојано се обидува да воспостави контрола тогаш тоа може да биде знак на зависност.

На кратко, доколку една личност напредува од слабостите на другата, на тој начин воведува манипулација во врската (понекогаш и несвесно). Луѓето во ваков вид врски имаат тенденција постојано да ги повторуваат истите шеми на однесување бидејќи тие само на овој начин се чувствуваат удобно. Но, постои голема разлика помеѓу чувството на удобност и чувството на среќа.

4. Се чувствувате нецелосно без вашиот партнер

Доколку се чувствувате несигурно и нецелосно кога не сте покрај вашиот партнер, има големи шанси тој да прави нешто со што предизвикува да се чувствувате подобро во вашата кожа. Ова е еден од најголемите знаци дека сте зависни од вашиот партнер и дека време е да побарате помош.

Доколку сметате дека се борите со зависност во врската, разговарајте искрено за овој проблем со вашиот партнер. Ако не можете сами да го решите проблемот, побарајте совет и од терапевт со цел да го идентификувате вашето однесување и да се вратите на добриот пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар