4 знаци дека е време да побарате помош за вашата анксиозност

4 знаци дека е време да побарате помош за вашата анксиозност

Анксиозноста е нарушување што е многу почесто отколку што мислите и со неа се справуваат над 40 милиони луѓе ширум светот.

4 знаци дека е време да побарате помош за вашата анксиозност

Што претставува анксиозноста?

Анксиозноста е чувство на интензивен страв или грижа за нешто што е во или надвор од ваша контрола. Сосема нормално е одвреме-навреме да се чувствувате анксиозно, но кога тоа ќе стане претерано или сериозно, можно е да имате анксиозно нарушување.

Најчести симптоми на анксиозност

  • Намалена когнитивна функција
  • Проблеми со помнењето
  • Постојана грижа
  • Страв
  • Збунетост
  • Неможност за опуштање
  • Раздразливост
  • Проблеми со спиењето како несоница, кошмари или ноќни стравови

Физиолошки симптоми

  • Напнатост
  • Слабост во телото
  • Тешкотии при дишењето
  • Притисок во градите
  • Проблеми со стомакот како болки и повраќање
  • Забрзано чукање на срцето
  • Болки во телото
  • Потење
  • Вртоглавица

Кој е изложен на најголем ризик?

  • Семејна историја со ментални проблеми
  • Плашливост во детството
  • Одредени здравствени состојби и лекови кои предизвикуваат или ги влошуваат симптомите
  • Стресни или негативни настани во кој било момент од животот

Бидејќи постојат и генетски и надворешни фактори што можат да предизвикаат анксиозност, секој е изложен на ризик, без разлика на возраста, расата или потеклото.

Кога е време да побарате помош?

1. Симптомите се манифестираат физички

Физичките симптоми не само што ќе ви го отежнат животот, туку можат и да му наштетат на телото и да предизвикаат разни здравствени проблеми. Симптомите на анксиозноста можат да се поклопуваат и со други медицински состојби. Кога разговарате со вашиот лекар, потребно е да кажете за сите ваши симптоми, како и за семејната историја на ментални нарушувања. Отворената комуникација ќе ви помогне добиете точна дијагноза.

Доколку не се согласувате со дијагнозата на лекарот, побарајте помош од експерт за ментално здравје. Имајте на ум дека терапевтот или психијатарот може да побара да ве види повеќе пати пред да ве дијагностицира. Тој ќе ви помогне да се справите со состојбата со помош на терапија или лекови.

2. Не сакате да го напуштите домот и да излегувате помеѓу луѓе

Домот е удобна зона за многу луѓе. Можеби мислите дека сте личност која сака да седи дома, но доколку сте забележале дека помислата за излегување ви предизвикува екстремна грижа или паника, можеби имате посериозен проблем. Доколку ви е страв да посетувате нови места, вашите симптоми ќе ви ја нарушат животната рутина. Некои луѓе можеби ќе излегуваат од дома, но ќе одат само на места што им се добро познати. Други пак воопшто не можат да го напуштат домот, па поради ова можат да ја изгубат работата, а нивните врски страдаат.

3. Симптомите ви се влошиле кога се вклучувате на социјалните мрежи

Социјалните мрежи започнаа нова ера на симптомите за анксиозност. Доколку веќе страдате од нарушувањето, онлајн објавите можат да ве натераат да ја доживеете истата реакција како луѓето да се навистина во просторијата со вас.

Иако користењето на социјалните мрежи само по себе не е лошо, луѓето би требало да бидат во можност да го направат тој избор за себе. Личноста со социјална фобија не би можела да го прави тоа. Вашиот терапевт ќе може да ви помогне да најдете начин безбедно да ги користите социјалните мрежи.

4. Сте пробале сè освен терапија

Сите реагираат различно на терапиите, без разлика дали станува збор за традиционална или за алтернативна на медицина. За некои луѓе доволно е самолекувањето со правилна исхрана, билки и масла. Некои на почетокот гледаат одлични резултати, но со текот на времето се намалуваат. Друг пак не забележуваат никакво подобрување на нивната состојба. Во овие ситуации недостасува едно клучно нешто – терапија.

Доколку имате тешка анксиозност или депресија, може да ви биде потешко да ја надминете без помошта од терапевт или психијатар. Доколку пак нарушувањето е поврзано со хемиска нерамнотежа, исхраната и вежбањето нема да ви помогнат и потребно е да се консултирате со професионалец.

Погледнете и какво е влијанието на анксиозноста врз вашето физичко здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар