4 здравствени придобивки од секојдневното консумирање агаве сируп

4 здравствени придобивки од секојдневното консумирање агаве сируп

Најверојатно сте слушнале за растението агава кога станува збор за производство на текила, но она што можеби не го знаете е дека многубројните намени на ова растение се познати со милениуми. Од 300 видови на растенија агава распространети низ целиот свет, 250 растат во Мексико.

4 здравствени придобивки од секојдневното консумирање агаве сируп

Сирупот од агава е сладок еликсир што се добива од растението и е посладок од шеќерот за 25 проценти. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки од консумирањето агаве сируп.

Богат со антиоксиданси

Сирупот од агаве содржи терпеноиди, сапонини, инулин и гликозиди. Сапонините го намалуваат целокупното ниво на холестерол во организмот и го контролираат растот на канцерогените тумори. Покрај тоа, сирупот од агаве содржи и здрави микроорганизми и влакна кои го помагаат варењето на храната и го подобруваат дигестивниот тракт.

Содржи есенцијални витамини

Сирупот од агава содржи дел од основните хранливи материи кои му се неопходни на вашиот организам како витамините Б1, Б2, Б6, Ц и К. Овие витамини се присутни во сирупот од агава во доволни количини неопходни за нормалното функционирање на телото. Кога се користат редовно, овие витамини не претставуваат никаква опасност.

Се карактеризира со низок гликемиски индекс

Агаве сирупот е природен засладувач кој има низок гликемиски индекс што го прави особено погоден за исхраната на дијабетичарите. Покрај тоа, содржи природни влакна (познати како фруктани) кои помагаат во регулирање на метаболизмот и телесната тежина.

Претставува здрава замена за шеќерот

Можете да го користите агаве сирупот за засладување на вафли, палачинки, житарки и овошен јогурт. Сирупот исто така е совршен додаток за коктели, смуди, леден чај и слични напитоци бидејќи е еден од најразградливите засладувачи.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од агаве сирупот, можеби ќе сакате да прочитате и што може да се користи како замена за шеќер во исхраната.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар