4 здрави начини да внесете повеќе чоколадо во исхраната

4 здрави начини да внесете повеќе чоколадо во исхраната

Кога темното чоколадо се зема во умерени количини тоа го регулира крвниот притисок, делува добро на срцето и мозокот и го намалува гладот за благо и солено. Покрај тоа што можете да каснете коцка или две, можете да го консумирате и на уште неколку начини.

4 здрави начини да внесете повеќе чоколадо во исхраната

Додајте го во смуди

Ставете малку темно чоколадо во состојките со кои сакате да го спремите вашето смуди. Како замена за темното чоколадо можете да користите и какао.

Додајте го во житарки

Некои истражувања покажуваат дека оние кои имаат „здрав десерт за појадок“ се помалку склони кон посегнување кон вистински десерти во текот на денот. Затоа не се двоумете дали да додадете малку чоколадо или какао во вашите житарки.

Направете чоколадна глазура

Не зборуваме за глазура со путер и шеќер, туку едноставна мешавина од темно чоколадо со малку вода. Ваквата глазура можете да ја искористите за да засладите мафини, пуканки или што било друго што ќе ви падне на памет.

Додајте го во путер од кикирики

Чоколадото оди одлично со путер од кикирики или кој било друг путер од јаткасти плодови. Добра идеја е да направите сендвич со путер од кикирики, чоколадо и банана за вкусен, здрав и хранлив појадок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар