4 застрашувачки факти кои ќе ве убедат да престанете да го допирате вашето лице
Доколку цел ден работите пред компјутер, може да се случи одвреме-навреме, несвесно, да почнете да го допирате вашето лице. Сигурно веќе сте слушнале дека оваа лоша навика може да предизвика нафрлање на лицето бидејќи вашите раце не се секогаш чисти, но и покрај сè едноставно не можете да одолеете на тоа. Токму затоа ви е потребно мало заплашување со цел да ве натера да се одвикнете од допирање на лицето. Продолжете со читање…
1. Допирањето на лицето води кон притискање на одредени делови, што може да доведе до лузни. Кога го допирате вашето лице, постои тенденција да се бараат одредени неправилности и откако ќе ги пронајдете се јавува желба да ги притиснете или откорнете. Доколку постојано го правите тоа, ситуацијата може само да се влоши. Вие на овој начин можете да си предизвикате лузни кои потоа можат да ви создадат долгогодишна штета на лицето за која ќе биде потребен медицински третман.
2. Може да предизвика појава на акни. Според истражувањата, во просек луѓето го допираат своето лице 3-6 пати во текот на еден час. Нашите раце се постојано во контакт со бактериите кои се наоѓаат на мобилните телефони, кваките, врвките од патиките и слично. Токму затоа не им дозволувајте на овие бактерии да стигнат до вашето лице и да предизвикаат појава на акни.
3. Можете да се разболите од грип. Еден од најдобрите начини да се заштитите од вируси, како грипот, е да не го допирате вашето лице. Има големи шанси рацете да ви бидат преплавени со овој вирус, па токму затоа доколку не ги допирате вашите очи, нос и уста има големи шанси да не си го пренесете вирусот во вас.
4. Премногу се опседнувате. Некои жени знаат да стојат со саати пред огледало и да ја анализираат својата кожа. Токму затоа се појавува искушението да се оттргнат сите оние недостатоци кои на некој начин се издвојуваат од рамнината на кожата. Избегнувајте ги долгите рутини во бањата и обидете се да бидете кратки и насочени само кон целта. Ова не само што ќе ви ослободи многу време, туку и ќе ви помогне да го задржите здравјето на вашата кожа.