4 вкусни моќни напитоци кои го топат салото околу стомакот
Постојат пијалаци кои имаат одличен вкус и истовремено водат сметка за вашата линија, што значи дека не го оптоваруваат вашето тело со вишок калории, а воедно и го помагаат варењето. Можете да ги направите дома и да бидете сигурни дека сите состојки се природни и не содржат шеќери ниту други адитиви.
1. Вода со вкус
Водата е една од најважните сојузници на здравиот начин на живот, без разлика дали држите диета или не. Помеѓу останатото, таа помага во варењето и апсорпцијата на храната и во исфрлањето на отпадните материи од цревата и бубрезите, а исто така ќе ви овозможи и подолготрајно чувство на ситост. За да не ви стане здодевна, можете да ја збогатите со цеден лимон бидејќи така се постигнува состав кој е сличен на желудочната киселина или пак да изрендате малку ѓумбир што ќе ви го забрза метаболизмот. Со парченца краставица дневниот внес на вода во организмот исто така станува позабавен.
2. Чај од нане
Нането му помага на желудникот да ги апсорбира мастите и да го смири дигестивниот тракт. Има диуретичко дејство, го поттикнува метаболизмот и го намалува апетитот. Дополнителна предност е што ја одржува хигиената во усната шуплина, бидејќи со својот ароматичен мирис го освежува здивот, заради што пак, често е состојка во природните пасти за заби.
3. Фрапе од ананас
Ензимот бромелаин кој се наоѓа во ананасот ќе ви помогне во варењето на протеините, олеснување на варењето воопшто и во отстранување на надуеноста. Во напитокот од ананас можете да додадете и ленено масло и така да ја зголемите неговата диетална ефикасност.
4. Зелен чај
Повеќето полифеноли во зелениот чај се катехини, одговорни за засилено согорување масти. Пожелно е да се пие пред вежбање, особено аеробно, за да за се засили топењето на масните наслаги. Една од причините зошто би требало да замените барем една шолја кафе со зелен чај е неговата моќ да го намалува холестеролот и ризикот од канцерогени заболувања. Тој е повеќестран заштитник на здравјето, делувајќи и на проблемите со дијабетес, намалување на стресот и заштита на забите од вирусни инфекции.