4 вистинити стереотипи поврзани со мажите

4 вистинити стереотипи поврзани со мажите

Постојат голем број стереотипи поврзани со мажите. Иако може да се каже дека многу од нив се потполно неосновани, сепак постојат и онакви кои не случајно се општо познати. Ова се 4 вистинити стереотипи поврзани со мажите.

4 вистинити стереотипи поврзани со мажите

Пораките не се нивна специјалност

Доколку некогаш му пишете на некое момче, немојте да се лутите доколку не ви пише веднаш назад, бидејќи тоа не значи дека не му значите. Ретко можете да наидете на машко кое обожава да комуницира преку СМС пораки, па не изненадувајте се и доколку неговиот одговор не е баш онаков каков што сте го очекувале. Жените ги сакаат пораките поради елементот на неизвесност, додека мажите повеќе ја сакаат комуникацијата во живо.

Не знаат да разговараат за своите чувства

Ретко можете да наидете на машко кое ќе ве седне и ќе ви објасни што го мачи. Тоа не значи дека немаат емоции, туку дека не сакаат да зборуваат за нив. За разлика од жените, мажите не чувствуваат потреба да ја објаснуваат секоја емоција.

Мажите ја бараат мајка си во својата партнерка

Дури и повеќето истражувања потврдуваат дека кога мажите одбираат партнерка, длабоко во себе трагаат по мајка си. Но, ни жените во тој поглед не се нешто поразлични, бидејќи тие во својот партнер го бараат својот татко со кој се чувствувале сигурни, безбедни и заштитени. Од друга страна машките сакаат партнерка која ќе се грижи за нив, која ќе им чисти, пере, готви и така натаму.

Обожаваат кога ќе здогледаат дотерана девојка

Мажите едноставно не можат, а да не се свртат кон некоја згодна девојка. Тоа не треба да ги загрижува девојките, бидејќи тоа не значи дека тој не е заинтересиран и заљубен во својата партнерка, туку едноставно не може против тоа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар