4 вистини за сексот во врските

4 вистини за сексот во врските

Во последно време се појавуваат некои недоразбирања кога станува збор за она што е реално и здраво во една долгогодишна врска. Под влијание од медиумите, луѓето почнуваат да веруваат дека „мора“ да се чувствуваат лудо заљубено во своите партнери до крајот на нивниот живот и дека „не смее“ да се појавува сомнеж или грижа во врска со тоа дали сте со „вистинскиот“ партнер или не. Истото се случува и со романсата и верувањето дека доколку немате сексуален однос со вашиот партнер 3 пати неделно, тоа укажува дека нешто не е во ред.

4 вистини за сексот во врските

Токму затоа погледнете ги наредниве неколку вистини за сексот кои обично не можете да ги прочитате на веб-сајт или во списание.

1. Здрав сексуален живот е она што ви одговара и на двајцата

За некои парови ова значи 3 пати во текот на неделата, додека пак за други може да значи и еднаш во месецот. Сите ние имаме различни потреби и секој пар на оваа планета има уникатен сет од желби и потреби кои се специфични само за нив. Токму затоа доколку вие сте задоволни од вашиот сексуален живот, не им дозволувајте на луѓето или на медиумите да влијаат врз вас, убедувајќи ве дека нешто не е во ред.

2. Обично едниот партнер има поголеми потреби од другиот

Скоро секогаш едниот партнер има поголем сексуален нагон отколку другиот. Има општо верување дека оној кој има поголеми потреби во врската е мажот, но тоа не секогаш е вистина. Повторно, ова варира од врска до врска. Предизвикот е да најдете креативни начини на кои меѓусебно ќе ги задоволите вашите сексуални потреби додека истовремено ќе го правите она што ви е вам најпотребно.

3. Сексот не секогаш е она што се случува во спалната соба

Во култура која сака да категоризира, многу луѓе веруваат дека сексуален однос е само она што се случува помеѓу чаршафите. Ова размислување ги отфрла прегратките, флертувањата, слатките бакнежи во текот на денот и сите други видови сексуална поврзаност која ги пополнува празнините помеѓу она што за нас значи „вистински“ секс. Наредниот пат кога ќе размислувате за вашиот интимен живот, земете ги предвид и овие нешта кои со сигурност ќе ви ја сменат перспективата и ќе направат да бидете многу позадоволни од она што го имате.

4. Сексот не е само во завршетокот

И тука повторно се појавува проблемот на нашата култура која се фокусира само на целите и постигнувањата поради што има тенденција да се верува дека „сексот не се брои“ доколку и двајцата не достигнат оргазам. Баш напротив, сексуалниот однос вклучува многу повеќе работи од оргазмот, како на пример, бакнежите, допирите, прегратките… И најважно од сè, здрава сексуална врска подразбира сигурност во која партнерите ја изразуваат и истражуваат својата сексуалност заедно. Емоционалната безбедност секогаш ѝ претходи на вистинската сексуална поврзаност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар