4 видови овошје и зеленчук што содржат токсични материи

4 видови овошје и зеленчук што содржат токсични материи

Сите знаеме колку е здраво да се јаде зеленчук и овошје затоа што се богати со витамини, минерали и хранливи материи. Но, некои од нив кријат опасни материи во своите делови. Затоа, треба да обрнете внимавание на нив и внимателно да ги отстраните тие делови.

4 видови овошје и зеленчук што содржат токсични материи

1. Лисја од домати

Лисјата од доматите содржат токсични материи соланин и доматин и овие опасни материи можат да предизвикаат проблеми со стомакот.

Поголемата количина лисја од домати може да има фатални последици по здравјето на луѓето.

2. Семки од јаболка

Јаболкото е меѓу најздравите плодови што се богати со витамини и минерали, но тоа има и еден отровен дел. Семките од јаболката содржат компонента која се состои од шеќер и цијанид и се нарекува амигдалин.

Кога се обработува во човечкото тело, таа се претвора во водород цијанид. Доволно е да внесете помеѓу 100 и 200 милилитри цијанид во организмот и последиците може да бидат смртоносни за неколку минути. Но, не треба да се плашите ако голтнете неколку семки од јаболко затоа што човечкиот организам може да свари мали количини цијанид без фатални последици.

3. Лисја и цветови од модар патлиџан

Лисјата и цветовите од модар патлиџан содржат отровна супстанција соланин, така што овие делови треба да се избегнуваат.

4. Стебло од рабарбара

Лековитите својства на рабарбарата се добро познати. Но, никако не смеете да консумирате еден дел од ова повеќегодишно растение.

Листовите од рабарбара содржат оксална киселина која има токсичен ефект врз човечкото тело за време на варењето на храната.

Симптомите зависат од количината листови што ќе ги изедете и може да почувствувате проблеми со стомакот, повраќање или посериозни напади.

Прочитајте кои 10 намирници треба да ги јадете (и пиете) доколку поголемиот дел од денот го поминувате седејќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар