4 видови дремки и придобивките од нив

4 видови дремки и придобивките од нив

Во некои култури дремнувањето се смета за мрзливост, додека во други, како на пример во Јапонија, дремнувањето е знак за посветеност на работата. Без разлика во што верувате вие, веројатно сте забележале дека кратката дремка може да ве освежи и да ви ја подобри мозочната активност. Всушност, научниците го препорачуваат дремнувањето токму поради ова. Со цел да го извлечете најдоброто од попладневната дремка, погледнете го овој водич.

4 видови дремки и придобивките од нив

10-20 минути: Брзо зголемување на вниманието

Според експертите, дремката од 10 до 20 минути е одлична за зголемување на вашето внимание и зголемување на нивото на енергија. Краткиот временски интервал нема да ви дозволи цврсто да заспиете, па веднаш по дремката ќе се чувствувате свежо.

Но како што веќе сигурно знаете, навистина е тешко да станете од креветот. Поради ова експертите препорачуваат да дремете во седната положба. Исто така дремењето веднаш по ручекот, околу 15 или 16 часот ќе ви помогне да ја намалите желбата за нездрава храна, како и да го намалите стресот, со тоа губејќи го и вишокот килограми.

30 минути: Збогувајте се со заморот

Иако може да биде навистина тешко да се разбудите по дремка од 30 минути, придобивките се неверојатни. Се покажало дека дремката од половина час може да ја подобри меморијата, да го намали стресот, да го подобри фокусот, да го намали ризикот од дијабетес и да го спречи развојот на деменција. Експертите сметаат дека ќе си направите добро ако дремнете 30-тина минути во средината од денот. На телото и мозокот им е потребно „обновување“ откако се будни 7-8 часа.

60 минути: Подобрување на когнитивните способности

Доколку вашата работа бара многу ментална активност, најверојатно ова е совршената дремка за вас. Со еден час спиење ќе потонете и во длабок сон, а со тоа ќе ги подобрите когнитивните способности како и способноста за помнење факти. Исто така оваа дремка ќе ви помогне да се справите со фрустрацијата. Сепак имајте на ум дека по спиењето од еден час ќе бидете сонливи и ќе ви биде потребно подолго време за да се освежите.

90 минути: Цел циклус на спиење

Спиењето 90 минути е цел циклус во кој спаѓа и „лесниот“ и длабокиот сон. Исто така можете да влезете и во РЕМ фазата, делот од спиењето кога сонуваме. Според експертот за спиење, доктор Сара Медник, дремката од 90 минути е добра и за физичкото и за менталното здравје. Таа ќе ја подобри вашата меморија, како и вашата креативност. Најдоброто од сè е тоа што е навистина лесно да се разбудите од оваа дремка без потоа да се чувствувате сонливо.

Предности од дремењето

  • Значително намален ризик од смрт поради срцеви заболувања
  • Намален кардиоваскуларен стрес
  • Намален крвен притисок
  • Намален ризик од појава на дијабетес
  • Поттикнување на слабеење
  • Спречување на деменција

Погледнете и кои се митовите за попладневната дремка во кои треба да престанете да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар