4 важни прашања што треба да си ги поставите пред да започнете нова врска
Започнувањето нова врска е одлука која може комплетно да ви го промени животот. Треба да бидете сигурни дека влегувањето во нова врска е токму тоа што ви треба. Но, најдобро е доколку прво се преиспитате себеси. Ќе ви биде потребен добар разговор со себе за потрагата по нова љубовна авантура да ви донесе само убави моменти. Мора да знаете што сакате и да бидете сигурни во вашата одлука. Следуваат прашањата што треба да си ги поставите пред да започнете нешто ново на љубовен план.
1. Дали се трудам да ги задоволам другите?
Не си дозволувате да го напуштите домот без шминка дури и ако ве мрзи да се шминкате? Се обидувате да одберете секси облека за излегување, но со задоволство би оделе во растегната маица и стари фармерки? Постојано ги заобиколувате сопствените желби за да ги задоволите другите и тоа е очигледен знак дека не се прифаќате себеси. Сè додека не ја засакате својата индивидуалност и не се научите да ја цените својата сила, ќе ви биде тешко да изградите здрави односи.
2. Можам ли да си го замислам животот надвор од врската?
Сосема погрешно е тоа што луѓето имаат тенденција да гледаат негативно на осаменоста. Во обид да ја пополните внатрешната празнина што настанала после паузата, настојувате повторно да изградите сè без да разберете што се случило. Неуспешните романси формираат магичен круг. Паузата е одлична прилика да се запознаете себе и да го посветите времето во пронаоѓање хармонија со надворешниот свет. Таквите моменти се важни за формирање на личноста. Игнорирањето може да доведе до емоционална криза.
3. Дали и понатаму сум наклонета кон поранешниот дечко?
Малку е веројатно дека обидот на „префрлање“ на друг дечко може да биде крунисан со успех. Порано или подоцна вашиот нов избраник ќе сфати дека се согласивте на состанок само за да го „заборавите“ поранешниот дечко на некое време – бидејќи вашиот однос нема да има безгрижна леснотија и искреност која е присутна помеѓу двајца заљубени.
4. Дали чувствувам дека не сум целосно заздравена од токсичниот однос?
После прекинот со бившиот дечко, дали имавте чувство на гадење кон спротивниот пол? Тоа не може да се реши без помош од психолог. Пред да влезете во нова врска мора да се позанимавате со она што го предизвикало вашето незадоволство и како тоа може да се избегне во иднина.
Дознајте ги и следниве работи за кои никогаш не треба да се извинувате во врската.