4 важни и клучни чекори за превенција на Алцхајмерова болест

4 важни и клучни чекори за превенција на Алцхајмерова болест

Вежбањето, здравата исхрана и менталните предизвици се одлични за здравјето на целиот организам, вклучувајќи го и здравјето на мозокот. Но, постојат и неколку животни навики кои истражувањата ни покажале дека се многу моќни кога станува збор за превенција на Алцхајмеровата болест.

4 најважни чекори за превенција на Алцхајмерова болест

Вежбајте 3 часа неделно

Вежбањето е одлично за вашиот мозок, особено на долготраен план. Експертите препорачуваат да вежбате барем 3 пати неделно, а во едно истражување дури се покажало и дека 3 долги прошетки во текот на неделата се сосема доволно за да ја држите младоста на мозокот и до 4 години подолго.

Медитирајте 10 минути на ден

Преголемото количество на кортизол во телото може да делува многу штетно на мозокот. Доволни ви се само 10 минути едноставна медитација за да направите чуда со вашиот мозок. Седнете исправено, затворете ги очите и дишете бавно. Правете го тоа 2 пати на ден, по 5 минути.

Внесувајте омега 3 секојдневно

Личностите кои внесуваат адекватна количина на омега 3, имаат поголем волумен на хипокампусот за разлика од оние кои не го прават тоа. Експертите велат дека една здрава возрасна личност треба да внесува околу 1.500 милиграми од овие масни киселини дневно.

Секој ден помнете нешто ново

Ако помнењето нови информации станe ваша навика и ако тоа го правите секојдневно, вашиот мозок ќе остане многу подолго млад. Истражувањата покажале дека личностите кои секојдневно нешто помнат, имаат зголемен процент на сива материја во мозокот за разлика од нивните врсници. Соочувајте го вашиот мозок со што е можно повеќе предизвици така што ќе ја зголемите социјалната интеракција, ќе научите нов јазик и постојано ќе развивате нови вештини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар