4 важни бројки кои откриваат дали треба да ослабите (а не се вашите килограми!)
Мислите дека килограмите се најважната бројка според која одредуваме дали сме здрави и во форма? Грешите! Не дозволувајте бројката на вагата да ве обесхрабри бидејќи постојат четири други фактори кои се многу поважни од килограмите кога зборуваме за здравјето. Тие ќе ви откријат дали сте во форма, дали треба да ослабите, и ако да, како да ослабите. Престанете да се мерите на вагата и обрнете внимание на следниве четири нешта…
1. Обем на струкот
Ако ви се насобира масно ткиво во пределот кај стомакот, тогаш сте изложени на поголем ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Опсегот на струкот треба да се израчуна така што ќе го обвиткате метрото точно над коската од колкот, односно некаде на висина на папокот. Кај здравите жени, обемот на струкот не смее да биде поголем од 90 сантиметри.
2. Број на отчукувања на срцето во мирување
Ставете два прста на пулсот, на зглобот или на вратот, и избројте колкупати вашето срце отчукува во една минута. Бројката треба да биде некаде помеѓу 60 и 100 отчукувања. Ако таа е под 60, тогаш укажува на подобро физичко здравје, но ако е над 100 – тогаш вашето тело ви кажува дека не сте доволно активни и срцето мора да работи понапорно за да ги одржува сите функции.
3. Процент на поткожно масно ткиво
За разлика од индексот на телесна маса, процентот на поткожно масно ткиво ја открива количината на вишок маснотии одвоени од мускулната маса. Здравиот процент на поткожно масно ткиво кај жените изнесува од 20 до 32 проценти. Овој процент се пресметува со помош на биоелектрична импеданција, метод во којшто преку метални електроди се испраќа слаб електричен сигнал низ телото, додека личноста стои на платформа за пресметување.
4. Базален метаболичен ритам
Базалниот метаболичен ритам ги зема предвид вашата висина, тежина, пол и ниво на телесна активност со цел да пресмета просечен број калории кои се согоруваат додека одмарате. Оваа бројка може да ви помогне да одредите колку најмалку калории треба да внесувате на дневно ниво доколку сакате да ослабите.
Погледнете ги и овие славни личности кои постигнале голем успех иако не ги слушале советите за слабеење.