4 утрински навики кои ќе ви помогнат да изгледате убаво и да се чувствувате добро
Дури и ако сте од оние девојки кои тврдат дека едноставно немаат време за третмани за убавина, овие корисни навики лесно можете да ги вметнете во утринската рутина.
1. Напијте се топла вода со лимон
Многу жени во Јапонија го започнуваат денот со чаша топла вода со лимон, а тоа сега го прават и жените и мажите во останатиот дел од светот. Тоа ја хидратизира вашата кожа, го стимулира организмот и ви дава „зрно“ витамин Ц кој ве прави посилни, а вашата кожа поубава. Можеби ќе ве интересира и дека некои истражувања имаат покажано дека луѓето кои наутро пијат вода со лимон, во текот на денот внесуваат помалку калории во организмот.
2. Пуштете ја омилената музика и танцувајте, скокајте или вежбајте
Сигурно наутро можете да одвоите 3-4 минути за добро да се расположите. Пуштете ја својата омилена музика и танцувајте, скокајте или правете склекови и вежби за стомачни мускули – што ви одговара повеќе. Оваа убава навика ќе ве развесели и ќе ви даде енергија, но и самодоверба бидејќи ќе се чувствувате подобро во вашето тело.
3. Кафето заменете го со зелен чај
Ако обожавате кафе, сигурно ќе испиете барем една шолја во текот на денот. Затоа наутро напијте се здрав зелен чај кој е полн со антиоксиданси.
4. Нанесете крема за сончање на вашето лице
Многу жени го одбегнуваат овој совет, но за убав и младешки изглед на кожата и нејзиното здравје, кремата за сончање е неопходна. Да, дури и кога излегувате во град не заборавајте да ја нанесете секој ден под вашата шминка.