4 трикови кои ќе ви помогнат да го доловите стилот на Анџелина Џоли

4 трикови кои ќе ви помогнат да го доловите стилот на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли е препознатлива по својот едноставен, а сепак толку софистициран стил. Преку минимализмот што го применува во облекувањето, успева уште повеќе ја истакне својата природна убавина. Па, зошто да не примените некои од нејзините модни тактики во вашиот стил? Еве 4 трикови кои ќе ви помогнат да го постигнете таквиот изглед.

Неутрални тонови

4 трикови кои ќе ви помогнат да го доловите стилот на Анџелина Џоли

Лесно може да се забележи дека Анџелина Џоли ги преферира неутралните бои како црната, белата, бледокафеавата или сивата. Иако тоа не значи дека немала појавувања во посмели нијанси и впечатливи шари, сепак ретко отстапува од својот препознатлив неутрален стил. Овој стил секако си има свои предности. Парчињата облека во вакви бои дозволуваат нивно полесно комбинирање, а сепак истовремено се постигнува поголема доза на класика, софистицираност и среденост.

Совршен баланс

4 трикови кои ќе ви помогнат да го доловите стилот на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли внимава на тоа облеката што ја носи да оддава впечаток на убаво осмислено и балансирано комбинирање. Тесните панталони ги носи со широка блуза или џемпер за да постигне совршен баланс. Дури и кога џемперот е поголем конфекциски број, изгледа како да е скроен токму како за неа.

Костими

2-4-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-go-dolovite-stilot-na-andzhelina-dzholi-kafepauza.mk_

Анџелина Џоли никогаш немала страв од тоа да биде единствената во костим, во морето од гламурозни фустани на црвениот тепих. На Оскарите, во 2001-та година, се појави во одлично сошиен бел костум и тоа е стил, кој до ден-денес сѐ уште го фаворизира. Или пак, нејзиното појавување во преубавиот костим на Сент Лорен оваа година. Не само што се издвои од мнозинството, туку во „машкиот“ стил го надмина дури и сопругот Бред Пит.

Накит: Помалку е повеќе

4 трикови кои ќе ви помогнат да го доловите стилот на Анџелина Џоли

Кога станува збор за накитот, Анџелина Џоли го почитува правилото „помалку е повеќе“. Таа секогаш одбира едно впечатливо парче, кое е моќно и софистицирано. Таков беше случајот со Оскарите во 2009-та година, каде носеше смарагдни обетки од Лорејн Шварц, во вредност од 2,5 милиони долари. Во комбинација со едноставниот, црн фустан од Ели Сааб, обетките ненаметливо доаѓаа до израз и се вклопуваа одлично со целокупниот изглед.

За краj, една од најдобрите работи во врска со стилот на Анџелина е тоа што не мора да имате којзнае колку пари, за да примените некои од овие трикови во вашиот стил, барем не кога станува збор за накитот. Ваквиот изглед може лесно да се постигне доколку избирате облека од квалитетни материјали во неутрални тонови и минималистички накит. Ќе зрачите со софистицираност и едноставно ќе изгледате одлично.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар