4 терапии против депресија за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат

4 терапии против депресија за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат

Сите сме поминале низ тешки периоди во животот, кога сме си велеле дека нема поента да излегуваме од дома затоа што животот е бесмислен, и онака никој не нѐ сака и еден ден сите ќе умреме. Оваа состојба е позната под поимот клиничка депресија. На некои луѓе расположението веднаш им се подобрува откако ќе земат антидепресиви, но на многумина таа терапија не им помага. Добрите вести се што науката открила нови начини на лечење депресија, од кои како најефикасни се покажале следниве 4…

4 терапии против депресија за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат

1. Ултразвуци

Ултразвучните машини користат звучни бранови на висока фреквенција за да создадат слики од тоа што се случува во внатрешноста на човечкото тело. Нивната примена е многу честа во медицината, но повеќето луѓе сметаат дека можат да се употребуваат само за дијагностички тестирања и утврдување на бременоста. Но, тие можат да направат многу повеќе од тоа! Ултразвуците можат да го променат однесувањето на животните ако дојдат во допир со нивниот череп. Еден научник од Универзитетот во Аризона слушнал за ова и решил да го направи истото со луѓе. Имено, тој употребил ултразвучна машина на мозокот на еден човек. Последиците биле неверојатни! Човекот бил добро расположен цел еден час по експериментот. Потоа, истото било направено со повеќе испитаници и резултатите покажале дека ултразвукот на човечкиот мозок има такво влијание што го подобрува расположението, а ефектот трае 40 минути.

4 терапии против депресија за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат

Зошто функционира ова?

Ултразвуците дејствуваат на слична фреквенција со оние делови од мозокот кои влијаат на расположението, што значи дека ако го изложите мозокот на ултразвук, тоа е исто како да сте му ја пуштиле омилената песна.

2. Никотин

Никотинот е дрога што обично се наоѓа во производите кои содржат тутун. Никој не зборува за придобивките на никотинот, бидејќи луѓето го внесуваат преку пушењето цигари, а тоа е многу штетно по здравјето. Сепак, научниците постојано се прашувале зошто луѓето обожаваат да пушат? Треба да се земе предвид фактот дека кај депресивните луѓе постои два пати поголема веројатност дека ќе почнат да пушат, отколку кај оние што не се депресивни. Па, дали овие луѓе се депримирани поради жолтите заби и можноста да добијат рак или, пак, го користат никотинот како лек против депресија? Се работи за второто, бидејќи никотинот многу помага во борбата со депресијата. Во едно истражување од 2006 година биле вклучени депресивни непушачи, од кои половина 8 дена требало да носат никотински фластер, а другата половина добиле плацебо, односно обичен фластер. Испитаниците кои носеле никотински фластер 8 дена забележале значаен пад на симптомите на депресија.

4 терапии против депресија за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат

Зошто функционира ова?

Се чини дека никотинот стимулира одредени делови од мозокот кои го регулираат расположението и го зголемува нивото на допамин и серотонин. Тоа не значи дека треба да почнете со пушење цигари. Придобивките нема да ја исклучат можноста да стекнете зависност и да си го нарушите здравјето на други начини. Меѓутоа, истражувањата покажале дека кога никотинот не се зема во комбинација со тутун, не создава зависност. Сепак, научниците не препорачуваат веднаш да почнете да се лечите со никотински фластери, бидејќи влијанието на никотинот врз здравјето сѐ уште не е добро проучено.

3. Пешачење

Доколку не сакате да носите никотински фластер или да си прикачите машина на челото, постои уште една ефикасна терапија која помага во лечењето на депресијата. Сѐ што треба да направите е да излезете на прошетка. Луѓето со блага до умерена депресија кои пешачеле по половина час, 6 пати неделно, забележале ублажување на симптомите на депресија за 50%, што значи дека прошетката е исто толку ефективна колку и антидепресивите.

4 терапии против депресија за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат

Зошто функционира ова?

Сите знаеме дека вежбањето е добро за здравјето. Дури и пешачењето го зголемува лачењето на хормоните за среќа. Освен тоа, ја зголемува циркулацијата на крвта во мозокот и им помага на нервните ќелии да се развиваат. Проблемот тука лежи во мотивацијата. Тешко е да се натерате да вежбате и кога сте физички и психички здрави, а не, пак, кога не се чувствувате баш најдобро. Сепак, вреди да направите напор и да се обидете.

4. Борци против воспаленија

Неодамнешните истражувања од Харвард покажале дека исхраната со прехранбени производи кои се борат против воспаленија како што се зеленчукот, маслиновото масло, виното и кафето можат да ја намалат депресијата за 41%, за разлика од храната што ја поттикнува депресијата како што се зрнестите производи и црвеното месо. Одредени лекови против воспаленија исто така можат да ги ублажат симптомите на депресија.

4 терапии против депресија за кои никогаш не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат

Зошто функционира ова?

Сетете се на последниот пат кога сте биле настинати. Веројатно сте биле мрзливи, не сте можеле да се сконцентрирате и не сте биле заинтересирани за ништо друго освен за лежење во креветот. Можеби мислите дека вирусот е виновен за вашето лошо расположение, но главниот виновник е вашето сопствено тело. Кога телото се бори против инфекција, стрес и сѐ друго што е штетно по здравјето, имуниот систем ослободува протеини наречени цитокини, а некои од нив предизвикуваат воспаленија. Овие цитокини го намалуваат нивото на серотонин, а тоа доведува до лошо расположение.

Луѓето честопати не ја сфаќаат депресијата како нешто сериозно, но тоа е реален проблем на кој треба да му се обрне внимание. Доколку самите се соочувате со депресија или познавате некој кој поминува низ истото, обидете се да ги примените овие неколку терапии кои веднаш ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Peshachenje

Остави коментар