4-те пријатели што ви се потребни во животот според Буда

4-те пријатели што ви се потребни во животот според Буда

Пријателствата ги создаваме уште од најрана возраст. Со текот на времето, во нашите животи се појавуваат и си заминуваат многу луѓе, а малкумина од нив можеме да ги наречеме вистински пријатели.

4-те пријатели што ви се потребни во животот според Буда

Веројатно сте ја слушнале изреката дека во зрелоста, вистинските пријатели можете да ги изброите на една рака. Според Буда, во животот би требало да имаме четири вакви пријатели и секој од нив може да нè научи на важна животна лекција. Погледнете кои се пријателите кои засекогаш треба да ги чувате покрај себе.

1. Помошник

Ова е пријателот кој ќе биде покрај вас секогаш кога ви е потребен. Тој ќе ви даде сè, а за возврат нема да очекува ништо. Оваа личност ќе ви помогне да го најдете вистинскиот пат кога ќе се изгубите во лавиринтот на животот.

2. Траен пријател

Ова е пријателот со кого ги споделувате вашите најдлабоки тајни. Ова е една од ретките личности на којашто секогаш можете целосно да ѝ се отворите. Ова е личност која никогаш нема да ве напушти во неволја и која е подготвена да ризикува за вас.

3. Ментор

Овој пријател е ваш заштитник. Тој секогаш ќе ви ги посочи грешките и ќе ве спречи да направите погрешна животна одлука. Тој ќе ве потсетува колку сте всушност силни и ќе ви помогне да ѝ се вратите на вашата вистинска природа.

4. Сочувствителен пријател

Овој пријател е подготвен да пати со вас во тешките моменти и да се смее со вас во најубавите. Вашите чувства се и негови чувства, бидејќи вие сте близначки сродни души. Овој пријател никогаш, во никоја околност, нема да ви го сврти грбот.

Погледнете и како да ги привлечете вистинските пријатели во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар