4-те емоции што ви ја убиваат душата

4-те емоции што ви ја убиваат душата

Одамна е познато дека емоциите имаат големо влијание на нашето физичко, ментално и духовно здравје. Сигурно и самите сте се почувствувале здраво и живо кога од вас сјаеле позитивни емоции, а депресивно кога сте биле нападнати од негативните. Сепак, иако ниту еден од нас не ги сака емоциите како тагата, несреќата и стравот, во одредени периоди од животот нивното постоење може да ви помогне да надминете лош период или друг вид животна препрека.

4-te-emocii-shto-vi-ja-ubivaat-dushata

Имајќи го тоа на ум, постојат и друг вид негативни емоции, оние коишто со секоја појава ви „убиваат“ дел од душата. Тие не само што влијаат на вашето духовно здравје, туку исто така ви ја напаѓаат и физичката и менталната добросостојба. Од овие емоции нема никаква корист, баш напротив, тие единствено што можат да направат е трајно да го оштетат вашиот живот. Можете да погодите за кој емоции зборуваме? Прочитајте во продолжение.

Похота – сè што е претерано може да создаде нерамнотежа во вашиот живот, но кога станува збор за неумерена страст, таа може да значи крај на љубовта што едноставно била совршена за вас или пак, пропуштање на истата пред воопшто да имате шанса да ја започнете.

Завидливост – треба да бидете благодарни на тоа што го имате, бидејќи не знаете што се случува во животот на другите луѓе… но дури и тие навистина да имаат „совршени“ животи, вам тоа не треба да ве интересира. Фокусирајте се на својот живот и вложете го секој миг за да го достигнете сопственото совршенство, она што само вам ви треба.

Лутина – кога луѓето се лути, кажуваат и прават многу работи за кои подоцна жалат. Ова е уште една од оние емоции што можат да ви донесат само лошо, бидејќи во моментите кога владее, таа ве држи под контрола и вие не можете да направите ништо за да ја победите.

Алчност – колку повеќе имате, толку повеќе сакате… ви звучи познато ова? Алчноста може толку да ви го окупира умот, што нема да можете да размислувате на ништо друго освен на тоа што таа ве тера да „грабате“. Ваквиот живот никого не направил среќен, па затоа и се смета за еден од најголемите убијци на душата.

Можеби ќе ве интересира и кои се 7-те силни емоции кои го „јадат“ телото однатре.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар