4 тајни за совршен елегантен изглед

4 тајни за совршен елегантен изглед

Некои луѓе постојано изгледаат убаво без разлика каков костум ќе облечат. Нивната тајна е во некои мали детали, а нив ги открива стилистот Ден Мичел. Применете ги и вие доколку сакате да го унапредите вашиот изглед во моментите кога сакате да изгледате елегантно.

4 тајни за совршен елегантен изглед

1. Одберете јака која одговара на вашето лице

Широко лице. Одберете тесна јака затоа што таа ќе ви го издолжи лицето.

Средно лице. Средно раширената јака е совршена за вас.

Тесно лице. Раширените јаки најдобро ќе ви стојат на вашата форма на лицето.

4 тајни за совршен елегантен изглед

2. Носете костум кој е кроен за вас

Одете на кројач и побарајте да ви сошие костум. На тој начин ќе добиете токму таков што совршено ќе одговара на вашето тело. Работи на кои тој ќе внимава се:

  • Работ на рамената да ви дојде врз рамото.
  • Ракавот на кошулата да се гледа под ракавот на сакото.
  • Да не носите сако кое ви е предолго.

4 тајни за совршен елегантен изглед

3. Одберете сако според вашата висина

Низок. Ако сте низок, вам ви одговара сако со едно копче.

Просечно висок. Вам ви одговара сако со две копчиња.

Висок. Може да си дозволите и сако со три копчиња.

4 тајни за совршен елегантен изглед

4. Чувајте ги чевлите од влага

Влагата може многу да ги оштети елегантните чевли и да ја наруши сликата за вас. Кога таа е проблем:

  • Избришете ги со чиста сува крпа.
  • Ставете стуткан весник во нив, а кога тој ќе впие дел од влагата заменете го со друг.
  • Секогаш одржувајте ги со средства кои служат за таа намена.

4 тајни за совршен елегантен изглед

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар