4 суптилни знаци дека сте имале токсични родители и тоа сѐ уште влијае на вас

4 суптилни знаци дека сте имале токсични родители и тоа сѐ уште влијае на вас

Дали ви се има случено одеднаш да се сетите на нешто од вашето детство и дури сега, како возрасна личност да сфатите дека нешто не било во ред? Понекогаш може да станува збор за невина шега од страна на татко ви, како на пример дека ако јадете семки ќе ви пораснат дрвја во стомакот. Но, понекогаш станува збор за емоционална манипулација или детско малтретирање што ви влијае дури и денес.

4 суптилни знаци дека сте имале токсични родители и тоа уште влијае на вас

Растењето во нефункционално семејство може да ве направи нефункционален возрасен. Без разлика колку се обидувате да не ги имитирате вашите родители, постојат работи што го предизвикуваат истото негативно однесување и кај вас.

Истражувањата покажале дека неразрешената траума на личноста може да има негативен ефект на нејзините деца. Повторното создавање на таква токсична средина, особено кога имате деца, е постојан страв со кој не би требало да живеете. Сепак, никогаш нема да се ослободите од овој циклус ако не си признаете дека минатото има влијание на вас. Свесноста е првиот чекор кон лекувањето, па обрнете внимание на овие знаци.

1. Премногу се критикувате

Токсичните родители се остри со нивните критики, па стравот да не ги разочарате другите речиси никогаш не си оди. Можеби имате превисоки стандарди за себе и понекогаш постигнувате нешто надевајќи се дека ќе го добиете признанието од родителите.

Но, тие никогаш нема да го направат тоа, а тоа е во ред. Вие сте успешна личност и нивното признание не ве довело до овде, па сигурно не ви е потребно за да продолжите да се движите напред.

2. Се обвинувате за несреќата на другите

Ако вашите родители ве обвинувале за нивните гнев и несреќа, постојаното чувство на вина може да остане и кога ќе бидете возрасни. Ако го оправдувате лошото однесување на другите на ваша сметка, тогаш го следите мислењето на родителите – секогаш сте виновни вие. Не сте. Секоја личност е совршено способна да одлучи што ќе направи. Освен ако не можете да контролирате умови, туѓата несреќа не е ваша вина.

3. Ги задоволувате другите

Постои разлика помеѓу тоа да бидете добра личност и да се обидувате да ги задоволите сите. Кога љубовта и вниманието не биле постојан фактор додека сте растеле, ќе забележите дека премногу трагате по нив како возрасни. На овој начин само ќе се растргнете, ќе се чувствувате виновно, уморно и воглавно несреќно. Никогаш нема да можете да ги задоволите сите. Прво фокусирајте се на вашата среќа.

4. Си ги кажувате нивните зборови

Кога слушате нешто доволно долго тоа останува во вашиот ум и може да се појави кога било понатаму. Ако сте пораснале во токсичен дом, зборовите на коишто се сеќавате се воглавно негативни. Постојаниот циклус од негативни мисли може да ве истроши и да не ви дозволи да се движите напред. Немојте да ги слушате. Не биле во право кога сте биле мали, не се ни сега.

Што можете да направите за да го прекинете циклусот?

Без разлика каков ви е животот во моментот, можете да се ослободите од овој токсичен циклус. Запомнете дека вие не сте вашите родители ниту треба да бидете. Овие знаци се однесувања што се научени со текот на времето и можеби ќе биде тешко да ги отстраните после толку многу години. Но како и секоја навика, можат да бидат заменети со подобри.

Кога ќе забележите дека ги повторувате грубите зборови на вашите родители, веднаш обидете се да ги замените со позитивни. Правете го ова со секоја мисла и однесување додека позитивноста не стане дел од вас.

За да се излечите од токсичните родители потребно е време. Но сè додека јасно ја гледате целта, вашето минато ќе има помало влијание на вас и на луѓето околу вас.

Прочитајте нешто повеќе за справувањето со токсичен родител.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар