4 суптилни реченици со чија помош ќе го натерате да ве покани на прв љубовен состанок
Во продолжение ќе споделиме со вас 4 интересни реченици со чија помош ќе го привлечете вниманието на секое момче што ви се допаѓа. Станува збор за интересни прашања и коментари што ќе го натераат да посака да дознае сè за вас!
1. „Обожавам да разговарам со тебе“
Оваа реченица е одлична бидејќи ќе го потсети дека хемијата помеѓу вас е навистина силна. Тој ќе има уште подобро мислење за вас доколку вие сте му пристапиле и сте го започнале разговорот.
2. „Среда е ден за пица и пиво. Ќе одиме?“
Потрудете се да го кажете ова брзо, енергично и по малку заповедно. Ако успеете, тогаш нема да му оставите избор да ги наруши вашите одлични планови.
3. „Зошто сè уште не си ми спомнал да го гледаме новото продолжение на Невозможна мисија?“
Ова е навистина добар трик со којшто можете да се послужите во секое време и за секој хит филм. Ако го завршите флертот со ова прашање, тој едноставно ќе мора да ве одведе во кино.
4. „Слушнав дека се отворил нов ресторан, сакаш да ја пробаме храната?“
Вие сте вистински дипломат. Му предложувате заедно да го посетите новото тренди место, додека притоа и му давате можност да ужива во неговото најголемо задоволство – храната.