4 совети за успешно започнување на денот
Доколку го читате ова сигурно сте од оние кои сакаат да бидат колку што е можно продуктивни, но едноставно тоа не им оди од рака. Клучот се состои во тоа да не го игнорирате алармот наутро и да не го одложувате моментот кога ќе решите да станете од кревет. На тој начин ќе имате доволно време ефективно да го поминете денот пред вас без да чувствувате стрес или да морате да брзате да ги завршите навреме своите обврски.
1. Спијте најмалку 7 часа и разбудете се рано
Можеби на почетокот ова ќе ви се чини тешко, но за кратко време ова ќе се претвори во навика и ќе се навикнете на оваа рутина за помалку од една недела. Запомнете, разбудете се со првиот аларм и надминете го искушението да го одложувате.
2. Грижете се за вашето тело
Сега е време да појадувате. Појадокот им дава гориво на телото и мозокот по ноќниот пост. Истражувачите веруваат дека појадокот може да помогне да се стабилизира нивото на шеќер во крвта, кое, пак, ги регулира апетитот и енергијата. Не заборавајте и да пиете вода на секој половина час. Водата го поттикнува вашиот метаболизам да работи, му помага на вашето тело да ги исфрли токсините и му дава гориво на вашиот мозок. Значи, имате доволно причини да пиете многу вода во текот на денот.
3. Грижете се за вашиот ум
Вашиот ум е оној кој ќе ве води низ стоте одлуки во текот на денот, некои поважни, а некои помалку. Значи, подготовката на вашиот ум треба да биде клучен чекор во раните часови од денот.
4. Планирајте го денот
Напишете ги на лист хартија вашите приоритети. Ако се двоумите за некоја од задачите, размислете како и дали би можеле навремено да ја извршите. Доколку сметате дека е невозможно да ја завршите денес, исфрлете ја од списокот.
Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те утрински тренинзи за поголема продуктивност.
Извор: themindsjournal.com