4 совети за „правилно кршење“ на правилата на диетата
Придржувањето кон одреден режим на исхрана бара прецизно почитување на одредени правила. Тоа секогаш значи дека не смеете да јадете одредена храна или да пиете одредени пијалаци, но некои нутриционисти советуваат дека одвреме-навреме можете да направите одредени работи поврзани со нездравата исхрана и озлогласените пијалаци кои нема да ви наштетат, туку ќе ви помогнат да издржите во вашите напори.
1. Слатки
Дозволете си слатки кои не се наполнети со шеќер и вештачки ароми. Ако купувате нешто со чоколадо, тоа нека биде направено со квалитетно чоколадо во голем процент, а не со малку какао и куп хемија чија цел е да му даде добар вкус. Одберете десерти во кои доминираат овошјето и медот. Шеќерите кои се наоѓаат во нив не се лоши за организмот и нема да додадат многу калории на вашата диета.
2. Кафе
Се препорачува кафето да го пиете со некој извор на масти со цел тие да се поврзат со кофеинот и полесно да го претворат во енергија, а не да биде само средство за будење. На пример, можете да додадете неколку капки кокосово масло. Така кафето ќе има многу подобар вкус, а ќе биде и подобро за диетата.
3. Алкохол
Алкохолот е многу калоричен и го забавува метаболизмот, па затоа најдобро е сосема да се избегне кога се трудите да ослабете. Ако веќе не можете да одолеете, немојте барем да пиете два дена по ред затоа што на организмот му треба време да се исчисти од него. Пијте по малку и направете неколку замени. Ако обожавате да пиете пиво, можете да го замените со некое без глутен, а коктелите полни со шеќери заменете ги со чаша вино.
4. Омиленото јадење
Еднаш неделно допуштете си да изедете нешто што ви сака душата, а не е здраво. Пица, хамбургер или ќебапи еднаш во неделата нема да ви нанесат голема штета, секако ако во меѓувреме се придржувате до здрав начин на исхрана. Покрај тоа, повременото „честење“ ќе ви помогне да издржите во намерите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.